Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Превозниците утре напладне ќе ги блокираат граничните премини поради Шенген-правилата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Превозниците утре напладне ќе ги блокираат граничните премини поради Шенген-правилата
ЕКОНОМИЈА

Превозниците утре напладне ќе ги блокираат граничните премини поради Шенген-правилата

Објавено January 25, 2026 16:09
Сподели
Сподели

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора утре на пладне започнуваат протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила, сè до надминување на проблемот со евиденцијата на престојот на возачите во Шенген- зоната.

Од асоцијацијата „Макамтранс“ информираа дека ќе бидат блокирани граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење, при што ќе се затворат граничните терминали и коловозните ленти исклучиво за товарен сообраќај, додека патничкиот сообраќај ќе се одвива непречено.

Протестот за излез од државата ќе започне во 12:00 часот, а за влез во 24:00 часот, со цел домашните превозници што се враќаат да стигнат до своите бази. Блокадата може да трае еден ден, доколку има соодветен одговор од Европската Унија, во спротивно, најавено е дека ќе трае до седум дена.

Во договор со здруженијата од регионот, ќе биде дозволен премин само за возилата што превезуваат лекови, жива стока, муниција и експлозив. Протестот, по барање на организаторите, ќе го обезбедува полицијата.

Претседателката на асоцијацијата „Макамтранс“, Билјана Муратовска, предупредува дека новите правила претставуваат директен удар врз транспортниот сектор и врз економијата.

– Возачите се третирани како криминалци – ги приведуваат, ги депортираат, а камионите остануваат необезбедени. Сите трошоци паѓаат на товар на превозниците. Ова е неодржливо и е потребна итна реакција од Брисел – изјави Муратовска.

Таа додава дека исполнувањето на барањата на превозниците би значело пониски трошоци, поголема конкурентност и стабилност на регионалната економија, нагласувајќи дека Западен Балкан не смее да биде тесно грло на европските транспортни коридори.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека Владата целосно го разбира револтот на превозниците и веќе една година разговара со Европската комисија за надминување на проблемот.

– Формално правилата се исти, но практично не се. Превозниците не се туристи, туку луѓе што работат и транзитираат низ ЕУ. Ова ќе значи смрт за транспортниот сектор и сериозен удар за извозната економија – истакна Николоски, апелирајќи до ЕУ за одложување на примената на новиот систем.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, предупреди дека новите правила ќе имаат исклучително негативно влијание врз бизнисот и врз странските инвестиции.

– Новите правила не решаваат ништо за ЕУ, а кај нас создаваат сериозни проблеми. Реакциите ќе се шират во сите погодени земји. Очекувам повлекување на одлуката, иако не брзо – изјави Азески, додавајќи дека странските инвеститори веќе реагираат остро.

Слични пораки доаѓаат и од превозниците од регионот. Српските транспортери предупредуваат дека ЕЕС-системот ќе ја парализира меѓународната логистика, додека од Босна и Херцеговина велат дека веќе се депортирани десетици возачи поради надминување на дозволениот престој. Црногорските превозници порачуваат дека без итно решение, „транспортниот бизнис ќе стане неисплатлив“.

Од „Макамтранс“ апелираат за солидарност и за поддршка од целата јавност.

– Превозниците не бараат привилегии, туку фер услови за работа и еднаков третман. Ова е тест за европската солидарност – порачуваат од асоцијацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На гробиштата во Ѓорче Петров се степале за паркинг
Следна Статија Пијана кавадарчанка со остар предмет го повредила сопругот, по што била приведена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба

амалување на акцизите за 4 денари за дизелот и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара…

April 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Народната банка со сеопфатни пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата

„Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс“,…

May 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Првите полски туристи слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија…

June 7, 2026

Нема вонредно зголемување на минималната плата, усогласувањето ќе биде во март, вели Дурмиши

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска уште еднаш ги „олади“ синдикатите со барањето за зголемување на минималната плата велејќи дека…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?