Предлогот за разрешување од Владата стигна до Коцевски

- Advertisement -

Државниот обвинител Љубомир Коцевски денеска од Советот на јавни обвинители го добил предлогот за разрешување од Владата.


– До Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска од страна на Советот на јавните обвинители е доставен предлогот за негово разрешување поднесен од страна на Владата. Јавниот обвинител ќе го разгледа и писмено ќе се произнесе во законски предвидениот рок, информираат од Обвинителството.

Од таму велат дека Коцевски ќе одговори во законски предвидениот рок за да може одлука да донесе и Советот на јавни обвинители.

Сподели ја оваа статија