Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлогот помина и во ЕП: Од наесен со посебни процедури ќе влегуваме во земјите на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Предлогот помина и во ЕП: Од наесен со посебни процедури ќе влегуваме во земјите на ЕУ
СВЕТ

Предлогот помина и во ЕП: Од наесен со посебни процедури ќе влегуваме во земјите на ЕУ

Објавено July 8, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Европскиот парламент денеска со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“ го одобри постепеното воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на ЕУ, со што се отвора патот за старт на неговата имплементација од на есен.

Откако ќе стапи во функција, системот ќе ги регистрира податоците, вклучувајќи име, вид на патна исправа, време и место на влез и излез и биометриски податоци – фотографија и отпечатоци од прсти, на државјани на трети земји кои влегуваат и излегуваат од Шенген зоната.

Целта на системот, според ЕУ, е да се подобри безбедноста, да се забрза процесот на проверка на границите и да се намали чекањето на премините.

Постепеното воведувањето на системот ќе трае 180 дена, при што во првите 30 дена во системот ќе треба да се евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от треба почне евидентирањето на сите преминување на граничните премини,

Оваа методологија на воведување на ЕЕС системот е доброволен, што значи дека земјите членки на ЕУ можат да го воведат целосно доколку сакаат уште од првиот ден.

Сега останува воведувањето на системот да го одобри уште Советот на ЕУ, по што Европската комисија треба да го одреди датумот за почеток на неговата постепена примена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Словенија на 8 јули падна снег
Следна Статија Избрана е најубавата земја во светот за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува следната недела да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и оти…

February 8, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Мадуро префрлен во притвор во Њујорк

Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан…

January 4, 2026
СВЕТ

Израелката со македонско потекло, Наама Леви помеѓу ослободените заложници

По 477 денови поминато во заробеништво, Израелката со македонско потекло, Наама Леви беше ослободена од Хамас и се врати во…

January 26, 2025
СВЕТ

Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ

Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран започнал нов ракетен напад врз Израел. Сепак, се чини дека израелската воздушна одбрана…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?