Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предлог-законот за заштита од пушење не претставува удар по угостителството, велат од Министерството за здравство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Предлог-законот за заштита од пушење не претставува удар по угостителството, велат од Министерството за здравство
ЗДРАВЈЕ

Предлог-законот за заштита од пушење не претставува удар по угостителството, велат од Министерството за здравство

Објавено January 17, 2026 15:34
Сподели
Сподели

Пушењето е личен избор на граѓанинот, но заедничкиот затворен простор кој се користи од страна на целиот колектив не смее да биде место каде што изборот на поединци се претвора во ризик за здравјето на другите, а предлог-законот за заштита од пушењето не уредува дали некој ќе пуши, туку само јасно става до знаење каде тоа не смее да се прави со цел да се заштити здравјето на сите присутни лица, се вели во соопштението испратено од Министерството за здравство.

Оттаму велат оти предлог-законот е усогласен со сите европски стандарди и препораки на Светската здравствена организација (СЗО), за да се воспостави јасно правило кое ќе ги штити сите граѓани, без притоа да има т.н. сиви зони.

„Клучен аспект на законот е третирањето на тутунскиот чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил. Државата има обврска да обезбеди здрава средина за вработените во угостителските објекти, кои се најдолго и најинтензивно изложени на штетниот чад“,велат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Азир Алиу уверува дека построгите правила нема да им наштетат на угостителите и оти чистиот воздух ќе донесе директен бенефит за објектите на долг рок оти ќе овозможи поголема посетеност од семејства, туристи, но и граѓани на кои им пречи чадот.

„Искуствата од европските земји како Ирска и Велика Британија покажуваат дека овие мерки не претставуваат удар по приходите, туку транзиција кон поквалитетен амбиент“,вели тој.

Со нацрт-законот за заштита од пушење, кој од 10 во месецов и официјално е објавен на електронскиот регистар ЕНЕР, се предвидува драстично заострување на државната политика кон пушењето цигари и тутунските производи.

Освен целосна забрана за пушење во јавни и работни простории, предлог-законот изработен од Министерството за здравство предвидува и забрана за рекламирање, промоција и спонзорирање од страна на тутунската индустрија, регулирање на продажбата, прикажувањето и изложувањето на тутунски и никотински производи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Еурактив“: По Гренланд – на ред е Исланд?
Следна Статија Нов скандал на Шар Планина: Обид за подмитување по нападот врз ренџерите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Таравари: ГОБ „8 Септември“ треба да остане како и досега, добар бекап за Клинички центар

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека според него, ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар бекап за клинички…

February 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Немам информации дека овошјето и зеленчукот од Трубарево се небезбедни за јадење

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека не поседува сознанија за тоа дека земјоделските производи од Трубарево се несоодветни за…

September 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Менопауза поврзана со промени во мозокот слични на Алцхајмеровата болест

Студија сугерира дека менопаузата е поврзана со губиток на сива маса во региони вклучени во меморијата и емоциите

January 28, 2026
ЗДРАВЈЕ

Почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?