Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец
ХРОНИКА

Предложен притвор за битолчанец кој нападнал доктор, па потоа полицаец

Објавено July 1, 2025 10:41
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од Кривичниот законик.

На 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво нападнал доктор од итната медицинска служба кој му давал лекарска помош. Го удрил со тупаница и му нанел телесна повреда. По укажувањето на медицинската помош, осомничениот бил пренесен во ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде исто така давал активен отпор да биде третиран, па била повикана и полициска асистенција. Кога пристигнале двајцата полициски службеници, осомничениот 28-годишник и нив ги нападнал, ги удирал повеќе пати и им се заканувал.

Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Скопје состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан
Следна Статија Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Предметот за пожарот во „Пулс“ префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно…

July 18, 2025
ХРОНИКА

Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок

Судењето против Васил Јованов, возачот кој според обвинението на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен…

May 6, 2025
ХРОНИКА

На „Долно Блаце“ приведен косовец, дел од мрежа која ја оштетила државата за 430 милиони денари

На граничниот премин „Долно Блаце“ вчера, при обид за влез во државава, од слобода е лишен С.А., државјанин на Косово,…

August 29, 2025
ХРОНИКА

Утврдена причината за смртта на новороденчето од Арачиново: Колабирано белодробно крило и тешка респираторна слабост

Колабирано белодробно крило, тешко нарушено дишење, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција се причините за смртта на новороденчето на В.…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?