Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното бебе стоел во фиока три години пред да биде разгледан во Апелација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното бебе стоел во фиока три години пред да биде разгледан во Апелација
МАКЕДОНИЈА

Предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното бебе стоел во фиока три години пред да биде разгледан во Апелација

Објавено October 27, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Три години предметот за смртта на родилката Маја Кадиева од Дојран и нејзиното штотуку родено бебе чекал ред за да дојде на разгледување во Апелација Скопје пред судијата Ѓоко Ристов, објави порталот „Сакам да кажам“ (СДК).

Обвинети беа гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица за кривичното дело Тешки дела против здравјето на луѓето.

Кадиева почина на 22 октомври 2015 година во Општата болница во Гевгелија. Обвинет беше и анестезиологот Томе Ванчев од Гевгелија, кој во периодот на десетгодишното судење почина. Во текот на истрагата почина и вториот анестезиолог Зоран Јовановски.

„Три години делото да биде во нечија фиока, да чека да се работи е далеку од здрав разум. Пресудата е донесена од Основен суд Велес на 19 март 2020 година, предметот во Апелација Скопје се работи на 23 мај 2023 година. Судот нема рок кога да го стави на разгледување, но има разумен рок за работа на предметот. А дали ова е разумно? Позитивно е што деновиве имало некој совесен судија во Врховен суд, па пред рокот на истекот на застарувањето на ова дело, 22 октомври, ја ставил на разгледување жалбата од обвинетите иако имало барање да се одложи, а со тоа и делото ќе застареше“, рекол сопругот на починатата Маја, Димитриј Кадиев, се наведува во објавата на СДК.

На 15 октомври годинава, една недела пред да застари случајот, се додава во текстот, Апелациониот суд ги прогласил за виновни гинеколозите Чалков и Москов и изречена им била затворска казна од шест месеци, која ќе се изврши ако во следните две години сторат ново кривично дело. Предметот сега е пред Врховен суд, по изјавена жалба од бранителите на обвинетите.

Двапати во Основен суд Велес, пишува СДК, судијката Габриела Гајдова донесувала ослободителна пресуда за гинеколозите и осудителна за анестезиологот. Апелација Скопје во два наврата ја потврдувал оваа пресуда. Втората била обжалена до Врховен суд, се додава, кој ја прифатил жалбата на одбраната и ја вратил во Апелација Скопје.

„За смрт на родилка и нејзиното бебе двапати се носеше ослободителна пресуда, сега условна. Која е цената на човечки живот? Политичарите кои беа судени за криминал, колегите ги помилуваа, го изменија Кривичниот закон и делата им застареа. Во оваа земја само политичарите се заштитени, обичниот граѓанин не. Каква порака се испраќа?“, рекол Кадиев.

Според порталот „Сакам да кажам“, во текот на судскиот процес за смртта на Маја Кадиева, сведоците од Гевгелиската болница, кои присуствувале на породувањето во судница, изјавиле дека не се сеќаваат на случувањата во салата, иако во истрагата пред јавен обвинител прецизно ги опишувале дејствијата на докторите. СДК наведува дека, и покрај тоа што сите сведоци биле под заклетва, при сведочењето ги промениле исказите што ги дале пред обвинителот непосредно по смртта на родилката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево
Следна Статија Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ – учениците влегуваа од другата страна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Опожарени два контејнери во Дебар Маало

Пред неколку часа, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало. Контејнерите се…

December 27, 2024
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта

Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

Во 09.53 часот преку единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?