Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пред 32 години кошарката остана без својот Моцарт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Пред 32 години кошарката остана без својот Моцарт
СПОРТ

Пред 32 години кошарката остана без својот Моцарт

Објавено June 7, 2025 12:07
Сподели
Сподели

На денешен ден пред 32 години, на 7 јуни 1993 година, во сообраќајна несреќа во Германија загина кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ. Легендата на светската кошарка, ден пред трагичната несреќа играше квалификациски натпревар во Полска за репрезентацијата на Хрватска.

Петровиќ по турнирот реши да се врати дома во Загреб со автомобил, со својата нова девојка Клара Саланти и нивниот пријател Хилал Едебал, наместо да се качи авионот со кој репрезентацијата се враќала во Хрватска.

Александар Петровиќ, постариот брат на Дражен, тогаш асистент-тренер на репрезентацијата го информирал тимот дека неговиот брат се враќа со автомобил.

Во 17.20 часот, камионџија од Холандија се излизга на влажниот автопат и влезе во другата лента, додека Саланти го возеше „Фолсквагенот голф“ со Дражен на сопатничкото место во длабок сон.

Камионот беше застанат во трите ленти, а возачот се обидуваше да сигнализира на автомобилите да сопрат. Меѓутоа, Саланти, која возела 160 км/ч ја загубила контролата на возилото и автомобилот удрил во банкината, па во застанатиот камион. Саланти и Едебал преживеаја, додека Петровиќ, кој не бил врзан со заштитениот појас бил фрлен во насоката на камионот и добил фатални повреди на главата.

Денеска на неговиот гроб во Загреб, како и пред споменикот на неговиот роден град Шибеник ќе бидат поставени цвеќиња во одбележувањето на трагичниот ден.

Со прекар „кошкаркарскиот Моцарт“, Петровиќ беше роден во Шибеник на 22 октомври 1964 година. Тој е прогласен за најдобар европски кошаркар во историјата, а остави свој печат и во НБА лигата со Њу Џерси Нетс, со кои имаше просек од 20.6 поени во 36.9 минути на теренот не пропуштајќи ниту еден натпревар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Кина се согласи на извоз на ретки минерали и магнети во САД
Следна Статија National Geographic ја прогласи Македонија за скриен бисер на Балканот: Храна, природа и автентичност без масовен туризам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во…

September 16, 2025
СПОРТ

Нено Димитријевиќ заминува од Милано

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ не ужива голема минутажа во Милано и конкуренцијата е голема. Некако и не успеа да…

March 19, 2025
СПОРТ

Ига Швјонтек суспендирана поради допинг

Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана. Оваа…

November 28, 2024
СПОРТ

Атланта го елиминира Интер Мајами на Меси во осминафиналето од плејофот на МЛС

Атланта во третиот натпревар од осминафиналето на плејофот на МЛС го совлада Интер Мајами на гости со 3:2. Кај гостите…

November 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?