Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци
ЕКОНОМИЈА

Прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

Објавено May 23, 2025 17:15
Сподели
Сподели

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во поведена прекршочна постапка донесе решение за изрекување на прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија заради давање на неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување по прекршок.

Комисијата по допрен глас поведе постапка против Сојузот на стопански комори и против четири големи ланци на маркети заради постоење на сомневање за картелско здружување што е строго забрането согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Во текот на постапката иако претходно опоменати од страна на овластените лица од Комисијата за заштита на конкуренција дека давањето на неточни и нецелосни податоци е казниво согласно член 61 став (1) точка 10) од Законот за заштита на конкуренцијата, извршниот директор и потпретседателот на Комората свесно давале неточни податоци за улогата на Комората и нејзините овластени лица во организацијата на склучувањето на забранет договор (картел) помеѓу четирите големи ланци на маркети.

При контрола на службената комуникација на овластените лица во Комората од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата јасно е утврдено дека истите имале активна улога во процесот на договарање и свесно давале неточни и нецелосни податоци заради избегнување на одговорноста за картелско здружување.

Имајќи ги предвид тежината на прекршокот и последиците предизвикани од прекршокот, КОП износот на глобата го утврдува во висина од 0.8747%, од приходите на ССКМ остварени во 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Планинарска патека „Васко Саздовски“ – пријателите на загинатиот Македонец маркираа насока во негова чест
Следна Статија Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили, вклучувајќи и државни службеници и воени лица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во тек се преговори за „Рајанер“ да лета од Скопје

За време на неодамнешната посета на Лондон, македонските власти оствариле важна средба со раководството на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ (Ryanair),…

May 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во февруари 43 053 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43 053 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во…

April 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Биткоин цена: Пад под $71,000 во азиските часови

Падот беше проследен со остри загуби на азиските и американските технолошки акции, каде загриженоста за врвот на AI инвестициите, истегнатите…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

Денес, од овде-од срцето на Полог-го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?