Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Објавено February 15, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот и можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста, биле тема на средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген, во рамки на работниот престој во Минхен, Германија.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ја истакнал заложбата за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО и потребата за напредок на патот кон Европската унија, како и за активната улога на земјата во регионалната безбедносна архитектура. 

Тој нагласил дека стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност и ќе продолжи да работи на продлабочување на билатералните и мултилатералните односи во оваа област.

Двете страни се согласиле дека соработката е клучна за справување со глобалните предизвици и дека иднината на регионот е во одржлив развој, економски просперитет и сигурност за сите граѓани.

Премиерот Мицкоски денеска остварил билатерална средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Средбата се одржала во духот на пријателските односи меѓу двете земји, при што била нагласена важноста на продолжувањето на политичкиот дијалог и економската соработка, стои во владиното соопштение.

Двајцата премиери разговарале за билатералните односи, евроинтегративниот процес и предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан. Премиерот Мицкоски изразил благодарност за континуираната поддршка што Хрватска ја дава на Македонија во процесот на европските интеграции и нагласи дека Владата останува посветена на реформските процеси со цел забрзување на пристапните преговори.

Премиерот Пленковиќ, пак, ја потврдил поддршката на Хрватска на патот кон Европската унија, истакнувајќи дека стабилноста и развојот на регионот се од заеднички интерес.

Во текот на денот Мицкоски ќе земе учество во дел од активностите на Минхенската безбедносна конференција, каде ќе има свое обраќање на панел дискусијата на Форин Полиси, говерејќи за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво, се додава во соопштението на владината прес-служба. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата
Следна Статија Анима мунди: Од бели комбиња се пуштаат глутници бездомни кучиња (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Царината заплени 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови

– Режан тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола при МВР.…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се продава одземениот имот од Груевски и Мијалков- Проценет е на 29 милиони евра

Одземениот имот од поранешниот премиер Никола Груевски и од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков во наредниот период ќе биде…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби веќе не е професор по новинарство во Тетово, отказот му е пратен по мејл

Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли за МИА информира дека на Артан Груби, кој бил вработен…

January 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?