Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Препораки и мерки за населението од ИЈЗ поради актуелната состојба со отпадот во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Препораки и мерки за населението од ИЈЗ поради актуелната состојба со отпадот во Скопје
ЗДРАВЈЕ

Препораки и мерки за населението од ИЈЗ поради актуелната состојба со отпадот во Скопје

Објавено October 24, 2025 16:34
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје објави препораки и мерки до населението, согласно актуелната состојба со отпадот во Скопје.

ПРЕПОРАКИ

-Да се одржува лична хигиена (користење на ракавици, маска, миење раце, користење дезинфиција за раце после фрлање на отпад).

-Совесно одлагање на отпадот во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин, а не во контејнерите и сл.

-Внимателно ракување, селектирање, собирање и фрлање на отпадот.

-Затварање на капаците на кантите при фрлање на отпадот.

-Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот.

-Да се избегнува стагнирана (застоена) вода и исцедок од отпадот.

-Внимание при излегување со домашни миленици да не дојдат во допир со отпадот и исцедок од истиот.

-Да не се фрла отпад надвор од одбележаните места за собирање на истиот.

-Да не се фрла отпад на нелегални депонии.

-Заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита).

МЕРКИ

Непосредни, брзи и акутни

– Итно и неодложно отстранување на одложениот и расфрлан отпад во и надвор од контејнерите со сите расположиви технички, човечки и финансиски ресурси;

– Итна мобилизација за собирање и отстранување на најголемите купишта во населени места со најголема изложеност; приоритет: болници, домови за стари лица, основни и средни училишта, паркови и игралишта;

– Итно, вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите;

– Каде не е можно ова, да се постават физички времени бариери (мрежи) за да се спречи пристапот на глодари и улични животни;

– Дислокација на контејнерите – подалеку од почести патики на движење на луѓето и особено подалеку од детски игралишта, училишта, градински или здравствени институции;

– Редовен транспорт и празнење на контејнерите (минимум еднаш дневно во погусто населените делови од градот);

– Задолжително затворање на капаците на контејнерите;

– Итна набавка на потребната опрема особено соодветен број на контејнери (механизација во континуитет);

– Заштита и намалување на штетната изложеност на сите работници кои доаѓаат во контакт со отпадот (опрема за лична заштита) вклучително и задолжителна вакцинација; тренинг за правилно ракување и известување за повреди;

– Интензивен надзор за заразни заболувања: засилено пријавување со епидемиолошко истражување (фокус на дијареи, случаи на лептоспироза, хоспитализирани пациенти со зоонози и слично);

– Едукација на населението за здравствените ризици поврзани со овој проблем и препознавање на симптомите поврзани со истото;

– Јавна комуникација: предупредувања и практични совети до граѓаните (лична и колективна хигиена, како да ја чуваат храната, да избегнуваат стагнирана вода, да избегнуваат физички контакт со отпадот или исцедокот, како да пријавуваат нелегални депонии).

Долгорочни мерки

– Интегриран систем за управување со комунален отпад (редовно отстранување, навремена набавка на потребна опрема, контејнери и механизација);

– Имплементација на систем за управување со цврст отпад преку смалување, повторна употреба, рециклирање и регенерација;

– Постојана едукација на населението за примарна селекција на отпадот, во најмала рака на органски и неоргански отпад и совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.);

– Образовни програми за граѓаните и вклучување на локалните заедници во решавање на проблемот (на пример, механизми наградување за селекција/откуп).

– Контролни и регулаторни политики – казнување за несовесно одлагање на отпадот, чести локални инспекции, програми за често и редовно чистење на јавните простори и улици (прво механичко отстранување на отпадот со метење, потоа миење).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски ги демaнтира шпекулациите: Во Македонија нема да се градат мигрантски кампови
Следна Статија И независниот кандидат во Могила се повлече од трката во корист на ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Грипот не попушта – ризичните групи најмногу на удар!

Грипот се уште е сериозна закана за постарите лица и децата. Иако има благо намалување на бројките, вирусот ги полни…

February 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР

Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде…

January 12, 2026
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Уништена над 2 тона небезбедна храна од скопско тобако

По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе…

December 13, 2024
ЗДРАВЈЕ

Во најурбаните општини има најнизок опфат на вакцинација

Важно да се подигне свеста за сето она што претставува превентива и имунизација. Ниту еден родител не треба да се…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?