Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 
ЗАБАВА

Престолонаследникот Вилијам ќе се тестира за рак, бил изложен на отровни издувни гасови 

Објавено February 22, 2025 09:38
Сподели
Сподели

Британскиот престолонаследник Вилијам е подложен на медицински тестови, по неодамнешната смрт на неговиот поранешен воен инструктор за летање, наредникот Зак Стабингс.

Стабингс го обучуваше принцот за време на неговата служба меѓу 2010. и 2013 година. Тој почина на 47 години, по децениска битка со рак којшто ги зафаќа крвта и коскената срцевина. Неговата смрт предизвика загриженост за здравствените опасности поврзани со поголемата изложеност на отровни издувни гасови од воените хеликоптери, вклучувајќи го и „Морски крал“ (Sea King) што Вилијам го пилотираше за време на неговата обука.

Загриженоста е дотолку поголема оти кралското семејство веќе се соочува со две битки со ракот. Имено, кралот Чарлс и сопругата на Вилијам, Кетрин – Кејт Мидлтон со месеци се лекуваат од таа болест. Мидлтон неодамна откри дека ракот кај неа е во ремисија, по шесте месеци хемотерапија.

Според наводите, принцот е подложен на медицински прегледи како мерка на претпазливост, за да се исклучат какви било болести потенцијално поврзани со неговата воена служба.

По сѐ, изгледа дека Монархијата сака да избегне „троен удар“ на рак во самиот врв на кралското семејство. Смртта на Стабингс, исто така, повторно ја актуелизира можната правна постапка против Британската армија. Многу поранешни вработени кои управувале со истите хеликоптери страдале од различни облици на рак – на белите дробови, грлото и на тестисите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
Следна Статија Се појави видео од аеродромот во Доха кое ги загрижи фановите на Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Пролетта ќе биде најсреќна за три хороскопски знаци

Иако секој хороскопски знак може да почувствува позитивни промени, се чини дека три знаци ќе доживеат особено блескави мигови во…

March 21, 2025
ЗАБАВА

Распродадена е целата колекција: Тренерката што ја носеше Мадуро кога го апсеа стана свeтски хит

Тренeрката на Николас Мадуро со која го уапсија стана светски хит. Тој носеше тренерка „Најк“ од моделот„Теch fleece“ во сива…

January 4, 2026
ЗАБАВА

Денешниот, не е обичен ден: Феноменот 5-5-5 носи големи промени и нема да се повтори се до 2036.

Денеска не е обичен ден, 5 мај 2025 година. Познат е како „Ден на квадратен корен“ бидејќи денот и месецот…

May 5, 2025
ЗАБАВА

Ана Курникова и Енрике Иглесијас го очекуваат четвртото дете

Руската спортска ѕвезда Ана Курникова (44) и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас (50) наскоро ќе го прошират своето семејство, пренесе „HOLA!“,…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?