Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет

Објавено April 9, 2025 08:33
Сподели
Сподели

Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово, откако најпрво семејството, а потоа и јавноста остро реагираше на двегодишната казна затвор за возачот во повторената постапка пред Основниот суд во Тетово. 

Ова доаѓа откако, премиерот Христијан Мицкоски, вчера го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата. Реакција од Судскиот совет побара и министерот за правда Игор Филков, кој ја коментираше пресудата, истакнувајќи дека довербата на граѓаните во судството е многу ниска.

Семејството на Теодора реагираше на висината на казната и долгото траење на целата постапка. Пресудата предизвика силни реакции и на социјалните мрежи, за целиот процес и премногу „благата“ казна.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, сторителот кој ја прегази 22-годишната Теодора првично беше осуден на три години и шест месеци затвор. Апелациониот суд ја намали казната на две години, но Врховниот суд ги укина пресудите и го врати случајот на повторно судење. Судот во Тетово вчера повторно му досуди две години затвор на сторителот.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски во изјава за МИА вчера рече дека побарале увид во предметот за пресудата за Ристевска, посочувајќи дека доколку има пропусти ќе реагираат.

Претседателот на Судски совет Александар Камбовски изјави дека Судскиот совет ќе ги разгледува сите случаи каде има сомневања за пропусти од страна на судии за изречени пресуди, а казнената п

– Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме, рече тој.

Премиерот Христијан Мицкоски, вчера изрази згрозеност од ваквата пресуда и порача дека тоа „не е правда, туку целосно потфрлање на системот“ и го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата кој донесе одлука да го казни возачот кој ја прегази младата Теодора Ристевска од Тетово на две години затвор. 

– Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран. Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда, изјави премиерот на конститутивна седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата.

Министерот за правда Игор Филков, коментирајќи ја пресудата на судијата Ељведин Ферати, рече дека „уште еднаш се покажа дека довербата на граѓаните во судството од два отсто не е џабе“.

– Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас на народот којшто е многу битен, којшто треба да допре до секој од нас, вклучително и до Судскиот совет кој е повикан да реагира. Тие два посто доверба во судството уште еднаш се покажа дека не се џабе, рече Филков, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со неговиот црногорски колега Бојан Божовиќ.

Судијата Ељведин Ферати, дополнително беше критикуван во јавноста и поради сомнежи за неговиот интегритет дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување. Државниот просветен инспекторат минатата година утврдил неправилности во неговите оценки, што доведе до предистрага од Скопското јавно обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Проектилите на Деклан Рајс го уништија Реал, Интер победи во Минхен
Следна Статија Студентите во Србија бараат оставка за оние кои го пуштиле Вучиќ кај повредените од Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота

По повод празникот Тодорова сабота премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Свети Николе. Премиерот Мицкоски објави дека…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц, кој доаѓа од Европските зелени,…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кандидатот за градоначалник на Карпош: Подземните гаражи во Карпош мора да ја добијат својата намена

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, денеска преку социјалните мрежи најави дека подземните гаражи…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ: Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон ЕУ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Хрватска е силен и конзистентен…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?