Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
ХРОНИКА

Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО

Објавено April 11, 2025 13:49
Сподели
Сподели

На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.

Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во с.Горно Седларце, тетовско и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар.

Исто така, беше утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација.
По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода. По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина ги зголеми царините за увоз од САД на 125%
Следна Статија Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, неправилности констатирани кај 17 субјекти со лиценца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Борче Марковски сепак оди во ефективен притвор

Предлогот на Основното јавно обвинителство Битола е прифатен од Кривичниот совет на Основниот суд во Битола и на осомничениот сопственик…

October 11, 2025
ХРОНИКА

Изгореа 4 камиони во Визбегово

Во голем пожар во Визбегово синоќа изгореа 4 камиони. Веднаш интервенирале екипите на пожарникарите кои целосно го локализирале пожарот, јави…

December 10, 2024
ХРОНИКА

Избоден маж од струмичко!

На 18.02.2025 во 19.10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.Г.(62) од Струмица. Тој…

February 19, 2025
ХРОНИКА

Туфегџиќ: Единствениот аргумент на Обвинителството за Александар е дека бил чуден

Изненаден сум од завршните зборови на Обвинителството. Очекував силни аргументи а добивме сувопарна формулација на неповрзани докази, смета адвокатот Владимир…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?