Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со италијанскиот претседател Матарела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со италијанскиот претседател Матарела
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со италијанскиот претседател Матарела

Објавено May 26, 2025 08:22
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, ќе има аудиенција кај папата Лав 14, јави известувачот на МИА. 

По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова ќе има средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

На средбата ќе присуствува и секретарот за односи со држави и меѓународни организации на Светата столица, надбискуп Пол Ричард Галагер.

– Побарав од италијанскиот претседател и од Италија на натамошниот пат да помогнат околу давање гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е подготвен да застане за

Според програмата, за попладне предвидена е средба и со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, со што завршува неколку дневната посета на претседателката Сиљановска – Давкова на Рим и Ватикан.

За време на престојот, таа присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 Мај, ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и го посети гробот на папата Франциск. 

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, заедно со македонската државно-црковна делегација, присуствуваше на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вториот човек на владејачката германска ЦДУ е за поворно отворање на „Северен поток“ и разговори со Русија
Следна Статија Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дворот на универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ како буниште, обраснат во трева, ѓубре, човечки измет… (ВИДЕО)

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, кој редовно објавува за катастрофалната состојба во која се наоѓа Скопје во однос на…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Нема да ги поддржиме законските измени за „Безбеден град“

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повтори дека пратеничката група на социјалдемократите во Собранието нема да го поддржи предлог-законот за прекршоци…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?