Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг

Објавено June 24, 2025 10:01
Сподели
Сподели

Зголемувањата на инвестициите во одбраната, зајакнување на колективната безбедност и случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на НАТО што почнува денеска во холандскиот град Хаг и на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. 

Во пресрет на Самитот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вчера порача дека главниот фокус на собирот ќе биде на тоа да се обезбеди дека Алијансата има се што и е потребно за да може да одвраќа и да се одбрани од каква било закана. 

Руте нагласи дека Самитот се одржува во „вистински историски момент“, во услови на растечки безбедносни предизвици и затоа како што светот станува поопасен, така сојузничките лидери ќе донесат смели одлуки за зајакнување на колективна одбрана, правејќи ја Алијансата посилна, пофер и поборбена. 

Според Руте, овие заложби ќе вклучуваат нов план за инвестиции во одбраната, со кој ќе се постави цел издвојувањата за одбрани потреби да бидат на ниво од пет отсто од БДП и ќе се зајакне одбранбената индустрија низ Алијансата, што ќе донесе не само поголема безбедност, туку и повеќе работни места.  

– Заканите со кои се соочуваме денес бараат да направиме многу, многу повеќе за да осигуриме дека можеме ефикасно да одвраќаме и да се браниме. НАТО има детални одбранбени планови. Знаеме како да се справиме со опасностите што ни се спротивставуваат. И ние сме посветени на одбрана на секој сантиметар од територијата на сојузниците, доколку некој потенцијален противник направи грешка да нападне кој било сојузник, порача Руте. 

Планот, меѓу останатото, предвидува петкратно зголемување на капацитетите на противвоздушната одбрана, зголемување на бројот на тенкови и оклопни возила, поголемо производство на куршуми и артилериска муниција, подобрена мобилност на силите на терен и зајакнување на соработката со партнерите, пред се со Украина, ЕУ и партнерските земји од Индо-пацифичкиот регион. 

– Со поголемо инвестирање и зголемено производство, градиме посилно НАТО. Резултатот е и пофер НАТО, бидејќи сојузниците се залагаат да обезбедат порамномерна распределба на одговорноста за нашата заедничка безбедност, додаде Руте.

На маргините на Самитот, претпладнево во Хаг ќе се одржи Јавен форум на НАТО, заеднички организиран од Алијансата и холандската Влада во соработка со Атлантската комисија, Институтот „Клингендал“ и Хашкиот центар за стратешки студии, чија цел е да промовира подобро разбирање на политиките и целите на Пактот и на одлуките што се очекува да бидат донесени на средбата на врвот. На Форумот е најавено учество на шефови на држави или влади, министри, меѓународни експерти за безбедност, научници, новинари и млади луѓе, кои ќе дебатираат на серија панел дискусии и интерактивни сесии на различни теми од агендата на Самитот на НАТО. 

За попладне е предвидено одржување на Пленарна сесија на Форумот за одбранбена индустрија на кој воведни обраќања ќе имаат Руте, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс. На Форумот, чија тема е „Како можеме да го забрзаме зајакнувањето и зголемувањето на одбранбената индустрија?“, ќе дебатираат министри за одбрана, експерти и претставници на бизнис заедницата од земјите членки на НАТО. 

Самитот официјално почнува вечерва со вечера што за шефовите на држави или влади на членките на НАТО ќе ја организираат холандскиот крал Вилем-Александер и кралицата Максима. 

Во, исто време, ќе се одважат и заседанија на Советот НАТО-Украина на ниво на шефови на дипломатии во форма на работа вечера, под претседателство на заменичката генерална секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска и на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, исто така во форма на работа вечера, со кој ќе претседава Брекелманс. 

Работниот дел од Самитот ќе се одржи утре со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави или влади, со кој ќе претседаваат Руте и холандскиот премиер Дик Схоуф. 

На крајот од Самитот е предвидена средба на Руте со американскиот претседател Доналд Трамп и лидерите на земјите партнери на НАТО од Индо-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реал ја одреди цената за Родриго
Следна Статија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДУИ го отстрани шаторот пред Уставен суд, ќе го поставеле пак во март

Од ДУИ го размонтираа шаторот од пред Уставниот суд и најавија дека пак ќе го постават на подготвителната седница во…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Големо отворање на „Македонско село“ на 19 јуни

„Македонско село“ на 19 овој месец и официјално ќе биде предадено на фирмата „Ла Тераца“, која Службата за општи и…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот

Специјализираната платформа за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“ ги објави податоците од најновите мерења, и според нив, Скопје утрово е…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата очекува до следната грејна сезона нови електрични автобуси

Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што…

November 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?