Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови

Објавено March 6, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места предвидени за генерали.

Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, досегашниот началник на штаб во Командата за операции, е поставен за командант во Командата за операции во Генералштабот на Армијата.

Бригадниот генерал Бесник Емини, досегашниот командант во Командата за операции во Генералштабот на Армијата, е поставен за државен советник за политика и планирање во Директоратот за политика и планирање, кризен менаџмент и цивилно-воена соработка во Министерството за одбрана.

Бригадниот генерал Орце Јордев, досегашниот советник на началникот на Генералштабот на Армијата за обука, вежби и научени лекции, е поставен за директор на Генералштабот на Армијата.

Бригадниот генерал Симеон Трајковски, досегашниот директор на Генералштабот на Армијата, е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за обука, вежби и научени лекции.

Полковникот Васко Коколански е разрешен од должноста командант на Командата за обука и доктрини и тој ќе биде поставен во Генералштабот на Армијата.

Полковникот Лулзим Нуредини е поставен на должност командант на Командата за обука и доктрини и со указ на претседателката е унапреден во чин бригаден генерал.

Сите потпишани укази од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се извршуваат веднаш.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски – Јандроковиќ: Унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија
Следна Статија Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје втор на листата по најлош квалитет на воздух помеѓу главните градови во Европа

Главниот град на БиХ Сараево, е со најлош квалитет на воздухот за изминатата 2024 година на листата на главните градови…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Последниот продолжен викенд за годинава, следната ќе ги има многу помалку

За сите граѓани на Македонија, овој е последниот продолжен викенд за оваа година. Во 2025 година нè oчекуваат помалку продолжени…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Беше истакната потребата да се работи на…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?