Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа
СВЕТ

Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа

Објавено May 18, 2025 11:19
Сподели
Сподели

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа изјави дека е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа, поради проширената израелска офанзива, и повика на прекин на насилството.

„Шокиран сум од вестите од Појасот Газа. Цивилите гладуваат, болниците повторно беа погодени во воздушни напади. Насилството мора да престане“, напиша Кошта на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека израелската Влада „мора веднаш да ја прекине блокадата и да обезбеди безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош“.

Израелските власти вчера објавија дека ја прошируваат својата офанзива за поразување на палестинското движење Хамас во Појасот Газа, и покрај зголемените меѓународни повици за прекин на огнот по 19 месеци разорна војна.

„Тоа што се случува во Газа е хуманитарна трагедија. Целата нација е изложена на огромна и непропорционална воена сила. Трајно прекинување на огнот и итно и безусловно ослободување на сите заложници се поитни од кога било“, рече Кошта.

Од Багдад, каде што учествува на самитот на Арапската лига, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е „вознемирен од плановите на Израел за проширување на своите копнени операции“.

Гутереш повторно повика на траен прекин на огнот и прекин на израелската блокада на хуманитарна помош за Газа, воведена на 2 март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Регистриран земјотрес во Македонија
Следна Статија Цените на недвижностите во Европа експлодираа: Еве каде становите станаа дури 17 пати поскапи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Овој „ЅВЕР“ ги возеше Трамп и Путин: Блиндирана лимузина опремена со солзавец и залихи од крвта на претседателот

Со оглед на тоа што сите очи на јавноста се насочени кон Алјаска и средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир…

August 15, 2025
СВЕТ

Заврши рекордната блокада на Владата на САД

Потписот на претседателот Доналд Трамп го заврши најдолгото затворање на владата на САД во историјата. Трамп го потпиша клучниот буџетски…

November 13, 2025
СВЕТ

Трамп најави нови царини на лекови, камиони и мебел

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека од 1 октомври ќе стапат на сила нови царини: 100 отсто на увоз на…

September 26, 2025
СВЕТ

Работи што можеби не ги знаете за Нобеловата награда

Оваа недела се објавени имињата на добитниците на Нобеловата награда. Дали знаете кои се најстарите, а кои најмладите победници? Колку…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?