Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателот на словенечкиот парламент најави референдум за излегување од НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Претседателот на словенечкиот парламент најави референдум за излегување од НАТО
БАЛКАН

Претседателот на словенечкиот парламент најави референдум за излегување од НАТО

Објавено April 14, 2026 15:13
Сподели
Сподели

Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излгување на Словенија од НАТО додавајќи дека ќе го исполни ова предизборно ветување, јави националното радио РТВ Сло.

Во интервјуто, Стевановиќ најави и можна скорешна посета на Москва со цел, како што рече, „обнова на мостовите меѓу Истокот и Западот“.

„Ресница“, чиј лидер е Стевановиќ, има пет пратенички места во 90-члениот словенечки парламент, конституиран по изборите од 22 март. На 10 април, при конституирањето на парламентот, тој беше избран за претседател со тајно гласање, со поддршка од 48 пратеници.

Стевановиќ нагласи дека Словенија треба да води самостојна и суверена политика и да соработува со сите држави, особено со големите сили, но без тоа да значи потчинетост.

Добри односи со сите, но во интерес на Словенија. Апсолутно ќе се спротивставуваме на вмешување во воени и дипломатски конфликти на други држави, бидејќи од тоа Словенија нема корист. Им ветивме на граѓаните референдум за излез од НАТО и ќе го организираме – истакна тој, додавајќи дека ставовите на партијата се „прословенечки“.

Тој оцени дека граѓаните треба да го имаат „последниот збор“, поради што партијата го избрала слоганот „власт на народот“.

Политиката не треба да се плаши од референдуми. Тие не се проблем, туку коректив на политиката, а поголемото учество на граѓаните значи и поголема доверба во системот – рече Стевановиќ, додавајќи дека довербата во моментов е ниска.

Според него, зголемувањето на бројот на референдуми не е проблем, но потребно е да се развијат технолошки решенија, вклучително и електронски референдуми, кои би биле поевтини и побрзи за утврдување на волјата на граѓаните.

Во однос на евентуален референдум за излез од Европската Унија, Стевановиќ оцени дека таква иницијатива нема да добие поддршка, бидејќи „Словенија има повеќе придобивки од членството“.

Љубљана треба повторно да стане главниот центар за донесување одлуки за Словенија, а не Брисел – нагласи тој.

Тој додаде дека „Ресница“ ќе поддржи и референдум за излез од Светската здравствена организација, како дел од предизборните ветувања.

Стевановиќ истакна и дека партијата ќе го поддржи оној кандидат за премиер кој ќе ги прифати нејзините програмски определби, но повтори дека нема да поддржи влада составена од двете главни политички сили – либералното „Движење Слобода“ и конзервативната Словенечка демократска партија.

Нема да отстапиме од подобрувањето на животниот стандард, транспарентноста и борбата против корупцијата. Тоа се нашите клучни принципи, за кои нема преговори. За сè друго може да се разговара – рече тој.

„Ресница“, заедно со коалицијата околу „Нова Словенија“ и „Демократите“, формираа десноцентристички „трет блок“ во парламентот. Поддршката од 48 пратеници за изборот на Стевановиќ за претседател беше оценета од медиумите како „коалиција на оние кои сакаат “, но тој негираше дека во моментов се разговара за формирање влада.

Имаме веќе неколку планирани посети, меѓу првите се Скопје и Копенхаген. Сакам да градиме мостови и да соработуваме со сите држави, без оглед на поделбите меѓу Истокот и Западот. Планирам наскоро да ја посетам и Москва – додаде Стевановиќ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две лица од Корешница во притвор поради киднапирање и брутално претепување на маж
Следна Статија Детали за пукањето во Турција: Се огласи гувернерот, еве кој е напаѓачот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Покрај него, забраната важи и за…

April 4, 2025
БАЛКАН

Ова се новите цени за туристичка такса во Грција

Доколку планирате да патувате во Грција ова лето, имајте предвид дека стапија на сила нови правила, кои го менуваат сегашниот…

May 12, 2025
БАЛКАН

Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција

Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено,…

December 24, 2025
БАЛКАН

Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ

Суд на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, директорот…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?