Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври

Објавено August 9, 2025 14:51
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври.

Собранискиот спикер, како што се наведува во соопштението на прес-службата на Законодавниот дом,  го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите.

Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија.

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, согласно член 16 став 1 од Изборниот законик. Вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември, во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.

По распишувањето на изборите Гаши се обрати до јавноста со пишана изјава во која меѓудругото нагласува дека изборите не се прост технички процес, туку се суштината на нашата демократија.

-Согласно Уставот, Изборниот законик, важечкото законодавство, како и врз основа на моите надлежности како претседател на Собранието, имам чест и институционална одговорност да ве информирам дека денес, официјално, го потпишав Решението за распишување на претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Ова решение го доставив до надлежните органи за организирање и спроведување на изборите и очекувам максимален ангажман за реализација на чесен и демократски процес, истакна Гаши.

Тој информира дека во текот на изборната кампања, која започнува дваесет дена пред одржувањето на изборите, Собранието ќе продолжи со редовното административно функционирање, но нема да одржува пленарни седници. Оваа одлука, додава тој, има цел да се избегне злоупотребата на собраниската говорница за изборни цели и да им овозможи на пратениците целосно да се посветат на комуникацијата со граѓаните.

-Сакам да нагласам дека изборите не се прост технички процес, туку се суштината на нашата демократија. Тие претставуваат реална можност граѓаните да изберат водачи кои одразуваат одговорност, визија и посветеност кон јавниот интерес. Така, 19 октомври 2025 година претставува важен момент за зајакнување на демократијата, подобрување на благосостојбата на граѓаните и за градење на подобра иднина за сите, истакна собранискиот спикер.

Нагласувајќи дека како претседател на Собранието е свесен за значењето на обединувачката улога што му е доверена, како и за одговорноста што ја има за да го гарантирам интегритетот и непристрасноста на институции упати повик до сите учесници на изборите за висока политичка култура.

-Затоа, упатувам јасен и искрен повик до сите политички сили, кандидати и соодветни структури да покажат висок степен на политичка култура. Да избегнуваат каква било форма на притисок, разделбен говор и секој обид за инструментализација на институциите и на јавните ресурси за партиски интереси. Ова е процес што треба да се фокусира на граѓанинот, на неговите реални потреби и предизвици, и на конкретните решенија што секој кандидат треба да ги понуди, нагласи Гаши.

Очекува, како што наведе, овој процес да биде доказ за нашата демократска зрелост, каде се почитуваат, правилата, преовладува достоинството и се одразува слободната волја на граѓаните, а не резултат на притисоци или на манипулации.

-На овие избори неопходно е да ги покажеме европските вредности и стандарди за да ја одразиме нашата непоколеблива посветеност кон интеграцијата. Посакувајќи им успех на сите кандидати и на сите политички партии кои ќе учествуваат на овие избори, посакувам овие локални избори да бидат натпревар каде што идеите и визиите за подобра иднина ќе бидат центар на дискусиите, истакна претседателот на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби
Следна Статија Ни доаѓа полна месечина: Што ги очекува хороскопските знаци?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но не очекувам Конгресот нешто повеќе да смени

Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но според почетните имиња кои се брифираат од медиумите не очекувам опозициската СДСМ…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Фетаи на средба со Курти, без Таравари – Алиу: Ќе го продолжам процесот што го започнавме заедно во ВРЕДИ

Станува јасно дека дел од АА веќе нема да го следи Арбен Таравари. Вицепремиерот Арбен Фетаи, заедно со Азир Алиу,…

May 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за општините каде се правеа дополнителни мерења и анализи,…

August 20, 2025
ПОЛИТИКА

1712 граѓани извршиле јавен увид во Избирачкиот список за Локалните избори

До 28 август, забележано е дека 1712 граѓани извршиле проверка на нивните персонални информации во Избирачкиот регистар за Претстојните локални…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?