Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани, алкохол, кафе….
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани, алкохол, кафе….
ХРОНИКА

Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани, алкохол, кафе….

Објавено July 23, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен предлог против едно лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Според обвинението, во периодот од 2021 година до 15 март 2022 година, обвинетиот, во својство на вршител на должност Претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНРСМ), со неизвршување и пречекорување на службени овластувања, постапувал спротивно на повеќе законски прописи и со тоа прибавил противправна имотна корист за себе и други лица, нанесувајќи притоа значителна штета на буџетот на институцијата.

Од Обвинителството соопштија дека иако бил свесен дека не се спроведени потребните постапки согласно Законот за јавни набавки, обвинетиот незаконски набавувал стоки и услуги од економски оператори, што главно ги користел за лични цели. Притоа се потрошени:
– 1.062.963 денари за ресторански услуги, хотелско сместување во Скопје, безалкохолни пијалаци, кафе, тоалетни производи и сл.
– 300.350 денари за конференциски услуги што не биле реализирани, но се исплатени.
– 317.859 денари за такси и изнајмување на возила.
– 741.649 денари за хотелски и туристички услуги во земјава и странство (вклучувајќи пенали за откажување и промени на патување).

Иако Советот како институција немал потреба од ангажирање на надворешно правно лице за обука од областа на менаџирање со работни процеси во институцијата, ниту пак обвинетиот имал потреба да поседува сертификат каков што издавало правното лице, за ваков вид на обуки на правното лице му биле исплатени 295.000 денари.

Обвинетиот без претходно донесена одлука на Советот на СУНРСМ за потреба од ангажирање на надворешно лице, без предвиден надомест за ангажирање како надворешен советник за специјални цели во Советот склучил последователно три договори со својата невенчана сопруга. Врз основа на склучените договори обвинетиот носел решенија за службени патувања во странство каде трошоците за патувањето и сместувањето биле на товар на СУНР, а трошоците за исхрана биле покриени преку утврдени дневници за кои тој носел одлуки за нивна исплата. На овој начин само по основ на исплата на дневници и патни трошоци обвинетиот го оштетил буџетот на Советот за 93.800 денари.

Обвинетиот без претходно донесена одлука на седница на Советот за потреба од ангажирање на надворешни лица склучил 18 договори за ангажирање на физички лица при што од буџетот на институцијата биле исплатени 1.934.237 денари.

Овие средства биле исплатени за: авторски дела – пишан материјал и совети од областа на управување со човечки ресурси; од областа на јавните набавки; за изработка на детална техничка спецификација за набавка на опрема од сегмент на информатички технологии; за пружање професионална поддршка на Комисијата за техничка евалуација на пристигнати понуди за јавна набавка на опрема; интелектуални услуги со утврдени обврски на авторот за промовирање на СУНР пред домашна и меѓународна јавност; консултант за Анти-корупциски практики; Консултант за пронаоѓање/посредување на партнери, инволвирање на институции и експерти од Р.Грција, како посредување помеѓу Министерство за финансии на Р.Грција, Регулаторно тело за комерцијална ревизија на Р.Грција, Стопанска комора на Р.Грција и останати светски институции; изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на службени простории во СУНР; Консултант за изготвување на Завршна сметка; ангажман на извршител на спроведување на соодветен пристап при изработка на Завршна сметка и други финансиски обврски, како и логистичка поддршка при работни средби и семинари во организацијата на нарачателот, а за превизори ментори од Р.Бугарија, активности во Скопје и Штип, за месечен надомест во износ од 54.000,00 денари; волонтирање за месечен надомест во износ од 36.000 денари; Развој и истражување врз база на спроведување на ескспресна анализа на специјализирани тематски прашања поврзани со имплементација на Законот за ревизија во информатичко технолошки можности.

Обвинетиот со пречекорување на границите на своето службено постапување, спротивно на Статутот на Советот и на Законот за ревизија без претходно донесена одлука на одржана седница на Советот и без склучен договор ангажирал правно лице за инсталирање Апликативен софтвер за основни средства и Апликативен софтвер за финансиско книжење, иако Советот веќе имал склучено договор со друго правно лице за годишно одржување на Апликативен модел за 2022 година и Модул за финансиско сметководство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски во Илинден: Ова е дел од една сериозна, системска трансформација на јавното здравство
Следна Статија Андоновски: Забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ковачевски под истрага за вмешаност во криминалите со Лотарија

Потврдено е дека екс премиер и прв вицепремиер се дел од аферата со криминалот во Лотарија на Македонија. Во истрагата…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари – измама во Пробиштип

На 21.02.2025 во 13.00 часот во ОВР Пробиштип, 56 – годишна жена од Пробиштип пријавил дека бил измамена од едно…

February 23, 2025
ХРОНИКА

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга

Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Автомобил превртен по сообраќајка во Аеродром

Автомобил превртен на коловозот утрово по сообраќајка меѓу две возила во скопски Аеродром на крстосницата меѓу булеварот Видое Смилевски Бато…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?