Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведени тројца пијани возачи на подрачје на СВР Штип: Најмладиот има 18 години и 1,62 промили алкохол
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведени тројца пијани возачи на подрачје на СВР Штип: Најмладиот има 18 години и 1,62 промили алкохол
ХРОНИКА

Приведени тројца пијани возачи на подрачје на СВР Штип: Најмладиот има 18 години и 1,62 промили алкохол

Објавено April 21, 2025 10:42
Сподели
Сподели

Вчера во 20.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 50-годишниот С.О. од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал С.О. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта.

Денеска во 02.45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода 18-годишниот Д.С. од Делчево. При контрола во патниот сообраќај и по преземени мерки било констатирано дека дека е под дејство на алкохол, односно дека управувал патничко возило „сеат“ со делчевски регистарски ознаки со 1,62 промили алкохол во крвта.

Додека, вчера во 23.20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот Д.В. од Македонска Каменица затоа што при сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило „форд фиеста“ со регистарски ознаки на Македонска каменица со 1,53 промили алкохол во крвта.

Лицата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: Формула 1 во сенка на Џеј Ло
Следна Статија Европратеници поднесоа 313 амандмани на текстот за извештајот за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат…

February 3, 2025
ХРОНИКА

На тротинет само со наполнети 18 години

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес во своето излагање  на собраниска седница се осврна на безбедноста при…

June 24, 2026
ХРОНИКА

Турски државјанин заврши во притвор, дал поткуп од 100 евра за да влезе во Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил…

October 31, 2024
ХРОНИКА

Таткото на Вања до Палчо: Ниту ве знам, ниту ве познавам и не сакам да одговарам на вашите прашања

Првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо на денешното рочиште упати прашања кон Александар Ѓорчевски, кој после дадениот исказ, одговараше на прашањата…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?