Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведени шест лица, се истражуваат злоупотреби со јавни набавки во Прилепската болница тешки 800.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведени шест лица, се истражуваат злоупотреби со јавни набавки во Прилепската болница тешки 800.000 евра
ХРОНИКА

Приведени шест лица, се истражуваат злоупотреби со јавни набавки во Прилепската болница тешки 800.000 евра

Објавено October 21, 2025 19:53
Сподели
Сподели

Управата за финансиска полиција, по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп, денеска спроведува акција во прилепската Општа болница поради наводи за злоупотреби во работењето. Според првичните информации, истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително и поранешната директорка и други раководни лица, а се сомнева на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра, дознава ТВ21.

Шест лица се приведени во полициска станица.

Од Обвинителството потврдија дека се преземаат дејствија во врска со постапката, но најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Според неофицијалните информации, истрагата е насочена кон сомневања за злоупотреби при спроведување на тендери и други финансиски неправилности во работењето на болницата, а под лупа се над 30 лица.

Акцијата на Финансиската полиција е во тек, а се очекуваат повеќе информации за опфатот на истрагата и можните кривични дела откако ќе завршат тековните дејствија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден осуденик ја чини државата околу 1000 евра, вели Пандов
Следна Статија За првпат на неврохирургија во Скопје – извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жени се тепале во затвор, една е тешко повредена

На 24.02.2025 во 14:54 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21:20…

February 25, 2025
ХРОНИКА

Девојка загинала на скопска обиколница: Паднала од надвозникот и починала

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на…

January 2, 2025
ХРОНИКА

Нови детали за трагедијата во која загинаа мајка и дете по пад од зграда

Попладнево во скопската населба Карпош, жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години…

March 2, 2026
ХРОНИКА

Сведокот Плотников: Влатко Кешишов инсистираше да си одам од штабот

Членови и симпатизери на политичката партија „Десна“ денеска во Основен кривичен суд Скопје сведочеа во врска со убиството на Вања…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?