Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведени 220 лица по масовниот протест во Атина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Приведени 220 лица по масовниот протест во Атина
БАЛКАН

Приведени 220 лица по масовниот протест во Атина

Објавено March 1, 2025 17:17
Сподели
Сподели

За инцидентите што се случија вчера во центарот на Атина по завршувањето на еден од најмасовните протести во последните години, грчката полиција привела 220 лица, од кои 73 се уапсени, а повредени беа над 60 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчера во Грција со протести низ целата земја се одбележаа две години од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, а по завршувањето на официјалниот дел од масовниот собир во Атина се случија сериозни инциденти.

Од грчката полиција соопштија дека околу 700 лица, „искористувајќи ја големината на собирот, се здружија во групи и се собраа пред споредниот влез на грчкиот Парламент, каде жестоко ги нападнаа врз полицајците и другите лица кои беа во дворот“.

– Нападот беше со употреба на молотови коктели, камења, мермери, димни бомби, како и метални и други предмети, со што се создаде голема опасност за физичкиот интегритет и животот на граѓаните кои учествуваат на собирот. Полицајците, откако се погрижија да ги заштитат граѓаните кои мирно протестираа, отстранувајќи ги во безбеден правец, пристапија кон употреба на неопходните и соодветни средства за задржување и деескалација на нападите, соопштија од грчката полиција.

Инциденти брзо се проширија и на околните улици и траеја подолго време, а полицијата одговори со солзавец, шок бомби и топови со вода.

– Вкупно, како на превентивно ниво, така и за време на нападите, полицијата приведе 220 лица, од кои 73 се уапсени. Паралелно, во нападите беа повредени 29 полицајци, а причинета е штета на објекти и возила, соопштија од полицијата.

Неофицијално, меѓу приведените се и членови на навивачки групи на атински клубови, додека пак освен повредените полицајци, 34 граѓани побарале помош во грчките болници поради полесни повреди или проблеми со дишењето.

Во инцидентите, според информациите на МИА, повредени беа и двајца фоторепортери.

Фотографиите од дрон од вчерашниот протест во Атина, на кои се гледа масовниот одзив на граѓаните, кои ги преплавија и исполнија сите централни улици во грчката престолнина, денеска се на насловните страници на весниците во Грција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
Следна Статија Сијарто: На состанокот меѓу Трамп и Зеленски беше јасно кој е за мир, а кој за војна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Нема кој да ги бере мандарините во Хрватска

Мандарините веќе се жолти, но прашањето е: дали има некој да ги бере? Освен берачи, потребни се и работници во…

September 17, 2025
БАЛКАН

На денешен ден Солана даде наредба да се бомбардира Србија

На денешен ден пред 26 години почнаа воздушните напади на НАТО врз Сојузна Република Југославија. Сирените за воздушен напад се…

March 24, 2025
БАЛКАН

„Солун е со тебе Кочани“ – 60-минутен молк за 59-те жртви и за возачот на брзата помош

Денеска во Солун се одржа 60-минутен молк, по една минута чест за сите 59 жртви од дискотеката во Кочани и…

March 22, 2025
БАЛКАН

Амбициозен план на Еди Рама: Дали Албанија ќе стане првата земја во која нема да се плаќа со кеш?

Во земја каде што готовината е крал, премиерот Еди Рама сака да ја направи Албанија првата држава без пари до…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?