Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведен е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, близок до кланот Заеви
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведен е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, близок до кланот Заеви
ХРОНИКА

Приведен е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, близок до кланот Заеви

Објавено June 9, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Преку координирана акција на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, Министерството за финансии – Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи и под раководство на Јавен Обвинител кој постапува со интегритет и решителност, се иницира процесот на демонтирање на длабоко вкоренета политичко-криминална структура, пишува Република.мк.

Утрово БЈБ по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, бизнисменот кој долги години профитираше како резултата на блиските врски со политички и еконмски центри на моќ, кој конечно е принуден да одговара пред Законот. Човекот за кој јавна тајна беше дека со години пливаше во сенките на системот, штитен од политичко-бизнис елитата и кој се препознава како симбол на една епоха на институционализирана злоупотреба и системско државно ограбување.

Под маската на легален профит, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, се изведувал организиран поврат на ДДВ. Со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор, кој со години беше омилен канал за перење пари.

Во пријавата опфатени се 15 правни и 23 физички лица.

И токму тука започнува да се поставува клучното прашање:

Дали конечно се отвора Пандорината кутија на струмичката бизнис-политичко-криминална елита?

Градежната експанзија на некогаш државниот, а денес приватизиран и разграбан имот, сомнителните одобренија за градби, нејасните кредити од домашни и странски банки, префрлањето имот на блиски фирми и роднини, поврзаноста со фирмите и капиталот на поранешни градоначалници и премиери – ја разоткриваат длабоката мрежа на интереси. Полека, но сигурно, паѓа маската и се поставува прашањето: Кој е вистинскиот покровител и организатор на оваа мрежа на криминал?

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Мората трагичар, Португалија ја освои Лигата на нации
Следна Статија Претседателката Сиљановска Давкова во Ница оствари средба и со Макрон: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник со нож го повредил својот татко во Скопје

Вчера (06.09.2025) во 09:10 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Жена е тешко повредена во експлозија на гас во куќа во Велгошти

44-годишна жена е тешко повредена во силна екплозија на гас што се случила денеска во охриското село Велгошти.   Како…

February 6, 2026
ХРОНИКА

Тешко повреден струмичанец кој со возило излетал од патот кај Марена

Струмичанец бил тешко повреден, откако возилото што го управувал излетало од патот кај кавадаречкото село Марена, информираа денеска од Секторот…

December 8, 2025
ХРОНИКА

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи: Мачени, па ликвидирани?

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка. Телата на двајца Срби и еден…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?