Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Признание од Европа за македонската анимација – „Златната пеперутка“ со Биби и Боби триумфира на MIA Market
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Признание од Европа за македонската анимација – „Златната пеперутка“ со Биби и Боби триумфира на MIA Market
ЗАБАВА

Признание од Европа за македонската анимација – „Златната пеперутка“ со Биби и Боби триумфира на MIA Market

Објавено October 14, 2025 08:36
Сподели
Сподели

Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, го освои престижното признание MIA Development Award for Outstanding Animation Project на филмскиот и телевизискиот маркет MIA Market 2025 во Рим, кој се одржа од 6 до 10 октомври.

Наградата, во вредност од 5.000 евра, беше доделена на 10 октомври во силна меѓународна конкуренција, од страна на стручно жири составено од истакнати професионалци од европската и светската анимациска сцена. Ова признание претставува значаен успех за македонската анимација и потврда за креативниот потенцијал на домашните автори и студија.

Во образложението на жирито се наведува:

„Наградата МИА за развој на најдобар анимациски проект ја добива Златната Пеперутка на Гоце Цветановски, затоа што ја прикажува моќта на оригиналните брендови како „Светот на Биби“ да донесат свежи, регионално инспирирани приказни на светската анимациска сцена преку различни формати, и како охрабрување за понатамошен развој на визуелниот и анимацискиот стил.“

MIA Market претставува еден од водечките европски настани за филм, телевизија, анимација и документаристика, со повеќе од 2.800 акредитирани професионалци од 64 земји. Годинава, во рамките на 11. издание, беа пријавени над 500 проекти, од кои по околу 15 беа селектирани во секоја од четирите категории: Анимација, Филм, Драма и Документарен филм. Во категоријата Анимација учествуваа седум долгометражни филмови и девет серии.

Листата на наградени проекти беше објавена во повеќе меѓународни медиуми, меѓу кои Variety, Deadline, Prensario International и Cinemaitaliano.info.

„Ова е голем чекор и признание не само за нашиот проект, туку и за целата нова македонска анимациска сцена,“ изјави Гоце Цветановски, режисер и сценарист на „Златната пеперутка“, при примањето на наградата.

За филмот „Златната пеперутка“

„Златната пеперутка“ е еколошка авантура за целото семејство. Биби, Боби, Зази, Зина и роботчето Р-1 патуваат во Колумбија кај нивниот пријател Пепе и неговото милениче, морското прасе Пико. Веселата дружина тргнува во потрага по ретката и мистериозна златна пеперутка, за која Пепе тврди дека ја видел во Амазонската прашума. Нивната мисија ќе ги однесе до легендарниот златен град Ел Дорадо, каде ќе се соочат со бројни предизвици и ќе мора да ги здружат своите сили за да ги совладаат темните сили што демнат во џунглата.

Сценариото го потпишуваат Бруно Велјановски и Гоце Цветановски, режијата е на Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а илустрациите за презентацијата ги изработи Иванчо Николовски.

Македонски продуценти се Македонска Крепост, Светот на Биби и Toon Motions Studio, во копродукција со Blurr Studios (Аргентина), Blurr Rojo (Шпанија), The G Seven (Колумбија) и Technoscop Films (Бразил).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања
Следна Статија Девизните резерви 4,72 милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Порно ѕвезда нуди бесплатни услуги за пожарникарите од Лос Анџелес за нивниот труд околу пожарите

Пожарите во Лос Анџелес станаа една од светските трагедии на почетокот на оваа година. Стихијата веќе предизвика смрт на 27…

January 26, 2025
ЗАБАВА

(Фото) Салма Хајек, една од најголемите ѕвезди на овогодинешниот Кански фестивал, шармираше со своето модно издани

Прославената актерка Салма Хајек го поминува времето во Кан за познатиот фестивал што е во тек, а таа и нејзиниот…

May 21, 2025
ЗАБАВА

Почина актерот Вал Килмер

Холивудскиот актер Вал Килмер почина на возраст од 65 години. Актерот починал од пневмонија во Лос Анџелес, потврди неговата ќерка,…

April 2, 2025
ЗАБАВА

Ќе се снима филм за Бритни Спирс: Нема да верувате која актерка ќе ја глуми поп дивата, сличноста е неверојатна

Мили Боби Браун сака да ја игра улогата на Бритни Спирс во идниот биографски филм за поп иконата. Ѕвездата од…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?