Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors
ЗАБАВА

„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors

Објавено January 9, 2026 17:10
Сподели
Сподели

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize (наградата од публиката) на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.

Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.

Audience Choice Prize, како што велат од ПР тимот на Котевска, е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех. Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.

-Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.

Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, според ПР тимот на Котевска, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.

-Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена, посочи ПР тимот на Котевска.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ни го врати името, ја избриша придавката Северна
Следна Статија Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка почина на 89-годишна возраст, објавува Jutarnji.hr. Оваа тажна вест доаѓа само два месеци откако нејзиниот син Матија…

August 11, 2025
ЗАБАВА

Тенисерка го остави рекетот за да рекламира секси долна облека

Убавата тенисерка се пензионираше, за да рекламира долна облека, нејзините секси фотографии не се за секого. Италијанската тенисерка Камила Џорџи…

February 15, 2025
ЗАБАВА

Започна Венецијанскиот карневал инспириран од Зимските олимписки игри

Венецијанскиот карневал започна вчера под мотото инспирирано од Зимските олимписки игри 2026 година, славејќи ги „универзалните теми на играта и…

February 1, 2026
ЗАБАВА

(ВИДЕО) За прв пат е снимена ѕвезда надвор од нашата галаксија, оддалечена е 160.000 светлосни години

Астрономите за прв пат успеаја да снимат ѕвезда надвор од нашата галаксија, објави Европската јужна опсерваторија (ESO). Оваа ѕвезда, наречена…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?