Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за малолетникот и уште едно лице кои со автомати убија човек во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за малолетникот и уште едно лице кои со автомати убија човек во Тетово
ХРОНИКА

Притвор за малолетникот и уште едно лице кои со автомати убија човек во Тетово

Објавено August 13, 2025 17:06
Сподели
Сподели

МВР потврди дека е одреден 30-дневен притвор против 15-годишникот и против уште едно 37-годишно лице, кои во неделата убија човек во „голф“ во Тетово со висококалибарско оружје, а при тоа тешко повредија други жртви кои се затекнале на местото.

Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од Гајре, тетовско, кој беше лишен од слобода во понеделникот, се поднесени пријави за убиство, за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи и за тешки дела против општата сигурност.

Против М.Т.(45) од Тетово и З.М. (37) се поднесени истите пријави,но засега тие се во бегство и полицијата трага по нив.

„На 10.08.2025 на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина.

Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода“, извести МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на терен: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“
Следна Статија Прв пад на цената на кафето во Бразил по 18 месеци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена си го истепала соседот во Центар

На 07.01.2025 во 15:15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12:30 часот пред влезната врата од…

January 8, 2025
ХРОНИКА

Почина една од најдобрите македонски докторки

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која почина…

May 7, 2025
ХРОНИКА

Ова е судијката која го ослободила од притвор Васил кој ја усмрти Фросина

Васил Јанев кој завчера ја усмрти младата Фросина Кулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот партизански одреди, лани…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Полицијата трага по 35-годишен скопјанец

На 22.10.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(64) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?