Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино
ХРОНИКА

Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино

Објавено March 3, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци повел постапка против 28-годишен жител на Неготино осомничен за кривично дело демнење, а судот во Неготино, на предлог на обвинителот, му одредил мерка притвор.

Како што соопшти државното Јавно обинителство, во периодот од 12 септември 2024 до 25 февруари 2025 година, осомничениот преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, „постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка“.

-Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник. Наспроти ваквите мерки определени од судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

-Судот во Неготино го прифати предлогот и со решение определи притворска мерка за осомниченото лице, информира Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
Следна Статија Гореше куќа во Ново Лисиче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен кавадарчанец, возел пијан и престигнал колона возила кои чекале на црвено светло на семафор

Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 48-годишниот П.К.…

October 19, 2025
ХРОНИКА

Маж пронајден починат во својот дом

На 03.01.2025 во 12:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека во станот во кој живее сам бил пронајден починат…

January 4, 2026
ХРОНИКА

Штип во шок: 12-годишно девојче малтретирано три месеци, се снимено на телефон

Во СВР Штип вчера е пријавен шокантен случај на малтретирање на 12-годишно девојче од страна на 13-годишна малолетничка, на која…

September 21, 2025
ХРОНИКА

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти

Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?