Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор од 30 дена за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор од 30 дена за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет
ХРОНИКА

Притвор од 30 дена за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Објавено January 17, 2026 09:51
Сподели
Сподели

Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи – УЈП.

Заврши распитот на осум приведени лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи – УЈП, а по нивно произнесување, како и ценење на фактите и доказите, прифатен е предлогот и на сите осуммина им е определена мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од сите три точки, односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го довршат или повторат делото, информираа попладнево од Кривичниот суд.

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од Истражниот центар при Обвинителството, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, вчера извршиле претреси на 16 локации во државата. При акцијата, што се одвивала вчера до доцните вечерни часови, при што биле пронајдени и привремено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.

Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање по известување на АНБ, при што беа обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа. Врз основа на ова, ОЈО ГОКК отвори предмет и донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица, кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра, информираше вчера Јавното обвинителство.

Според истрагата, првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службената положба. Во периодот 2023 – 2025 година во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.

Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници од УЈП, во периодот 2023 – 2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Другите осомничени сопственици и управители на правни лица со лажни пријави побарале, а осомничените вработени им одобриле, неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица, со што е нанесена штета на буџетот во износ од 31.175.168 денари.

Некои од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари. Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои некои на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба му нанеле вкупна штета на буџетот на РМ од најмалку 162.980.076 денари.

Јавниот обвинител, ценејќи ги околностите, утврди дека се исполнети условите за определување на мерката притвор за десет осомничени и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на осум лица да им определи мерка притвор,а за две лица таа е веќе определена во предметот поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РМ. За другите 10 лица јавниот обвинител предложи мерки за обезбедување присуство, меѓу кои и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичното дело и работни активности како службени лица во УЈП на РМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Заев и Филипче правеле притисок да му ја преземат клиниката, тврди Жан Митрев
Следна Статија 3 работи што епизодата ‘8:00 AM’ на ‘Пит’ ги постигна точно за ВИ во медицината, и една големa грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дарлишта од ДУИ во обид за бегство од полицијата, фатен на Долно Блаце

Бујар Дардишта од ДУИ не успеа да биде како Артан Груби, уапсен е при обид за бегство на граничниот премин…

December 18, 2025
ХРОНИКА

Тешко повредена жена откако во неа удрил тротинет

Триесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет управуван од малолетник во Тетово. Според информациите…

June 6, 2026
ХРОНИКА

Петгодишно дете од гостиварско испило апчиња од баба му

Вчера во 18:40 часот, полициски службеници од ПС Гостивар извршиле разговор во педијатриското одделение во Медицинскиот центар Гостивар, каде поради…

June 9, 2026
ХРОНИКА

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“ на пловило

Министерство за траснпорт информира дека во текот на вчерашниот ден во заедничка контрола на инспектори од Капетанија на Пристаништа Охрид,…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?