Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пријава и за Фатмир Дехари од Кичево- го оштетил Буџетот за 130 илјади евра од вработени кои не оделе на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пријава и за Фатмир Дехари од Кичево- го оштетил Буџетот за 130 илјади евра од вработени кои не оделе на работа
ХРОНИКА

Пријава и за Фатмир Дехари од Кичево- го оштетил Буџетот за 130 илјади евра од вработени кои не оделе на работа

Објавено January 29, 2026 13:34
Сподели
Сподели

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Ф.А.(62) од с. Зајас, А.Н.(38) од с. Србица, Х.Б.(37) од с. Црвевци и Б.С.(36) од с. Стрелци, за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Првопријавениот Ф.Д., во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица. Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос.

На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130.000 евра и дозволил другите пријавени лица да се стекнат со материјална корист, од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Одлични вести од Брисел за огромниот проблем на превозниците во Македонија
Следна Статија Четворица од неготинско осомничени за силување на дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Рашковски фатен на граничен премин со 20.000 евра во кеш

Македонската царина при претрес на возилото го фатила поранешниот генералниот секретар на Владата , Драги Рашкоски со кеш пари, 20.000…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Почина актерот Лазе Манасков

Македонската театарска и филмска сцена денес остана посиромашна за уште едно големо име. На 66-годишна возраст почина истакнатиот актер Лазе…

December 21, 2025
ХРОНИКА

Отворена истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки – осомничениот е припадник на нарко групата „Барон“

Скопското обвинителство отвори истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки, еден од водачите на криминалната група „Дуќанџик“ кој беше…

November 30, 2024
ХРОНИКА

Дете од кумановско загина по судир меѓу автомобил и електричен тротинет

Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Черкези. Според…

May 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?