Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Австралија, средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Австралија, средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет
Blog

Продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Австралија, средба на Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет

Објавено February 11, 2025 11:12
Сподели
Сподели

Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Австралија. Во таа насока, тој вчера оствари средба со претставници на European Australian Business Council (EABC), водечка платформа за економска и трговска соработка меѓу Европа и Австралија.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на економските односи меѓу двете земји, зголемување на трговската размена и привлекување инвестиции. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за соработка во областите на енергетиката, инфраструктурата и новите технологии.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Владата на Република Македонија се силно посветени на привлекувањето нови странски инвестиции. Стабилната бизнис-клима и силната поддршка за странските и домашните компании ја прават нашата држава атрактивна дестинација за инвестирање, не само во регионот, туку и во Европа, истакна министерот Муцунски.

Притоа, тој нагласи дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите во понатамошниот развој на билатералната соработка меѓу двете земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: „Ова е огромно“
Следна Статија Чибишев повикува на внимателност: Во конзервирана риба-туна откриена голема концентрација на жива која може да предизвика оштетувања на централниот нервен систем!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

(ВО ЖИВО) Мицкоски гостин во Отворено студио ,,100 дена Влада” на МРТВ

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски вечерва гостува во „Отвореното студио“ на МРТВ, во присуство на повеќе уредници на национални…

October 7, 2024
Blog

Враќање во 2000 година со класични DOS мултиплејер игри во вашиот прелистувач

Постојат фан-направени верзии во прелистувач на Red Alert, Unreal Tournament и други.

November 23, 2025
Blog

Фолксваген во црвено: Во 2024 година имало пад на продажбата за 1,4 отсто

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen (VW) во четвртокот објави дека продал помалку автомобили од својата основна марка во годината која штотуку…

January 11, 2025
Blog

„Скајп“ заминува во историјата

По една година одржување „на апарати“, „Скајп“ официјално ќе биде исклучен денеска. Мајкрософт“ веќе некое време најавува затворање на некогаш исклучително…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?