Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација
ХРОНИКА

Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација

Објавено October 21, 2025 13:33
Сподели
Сподели

Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација.

Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за определување притвор и изрекол куќен притвор, сметајќи дека тоа е доволно да обезбеди присуство на Васев на судењата, но тоа по жалбата од Обвинителството Апелација го преиначила.

-Во жалбата тие ставија едноставно две реченици во кои што се сомневаат дека од куќен притвор Васев може да избега и со личната карта да отиде на граница и да избега од државата. Ве молам, второто дека може и без лична карта да избега преку некаков див граничен премин и третото е дека, и ако тоа не го направи, дека може да се скрие некаде на територијата на Македонија. Па тоа не се правни аргументи, тоа се аргументи за лаици кои што не познаваат право. Тие аргументи Апелација тогаш ги усвои и одреди притвор. Тие аргументи не се аргументи, се надевам дека пак се враќаме на тоа дека решаваа под огромен притисок и без да водат сметка за правните аргументи донесоа таква одлука. Се надевам дека сега е тоа време да се поправи, изјави Спирковски.

Како одбрана, посочи тој, приложиле нови докази на околности, за кои рече дека не биле досега ценети воопшто и кои, како што нагласи, покажуваат дека сето она што го поставува како основ за првичното, иницијално барање на Обвинителство за определување мерка притвор, не стои.

-Пред се дека навистина се направени тешки дела за кои се предвидени големи казни. Тоа не стои. Од едно продолжено кривично дело, или дејствија на продолжено кривично дело, повеќе истородни кривични дела, тие вештачки прават три кривични дела. Наместо да биде само злоупотреба на службената положба, како продолжено дело, тие сега даваат вештачки уште измама и проневера во службата, а се со цел да се добие што е можна повисока казна на затвор, а тоа во правото нема никаква подлога, појасни Спирковски.

Втората околност, како што рече Спирковски, беше фактот дека е направена огромна штета од 35 милиони евра, колку што проструи во јавноста, за што како што нагласува одбраната доставила докази дека нема никаква штета.

-Третата околност беше дека „со непобитини докази заради кои очекуваат осудителна пресуда.“ Прво, не е коректно презумцијата на невиност да се гази на тој начин, да кажете однапред дека сте сигурни дека ќе биде осудителна пресуда. Второ, нивните докази се се, само не непобитни. Ние доставуваме и факти и аргументи и докази, дека тоа се незакониот добиени, како формален аспект, а стручниот аспект е дека се доказите нестручни и тенденциозни, што е за економското вештачење направено од претходно организационен директор на Клиниката. Тотално несртучно и тенденциозно, изјави Спирковски.

Очигледно е, според Спирковски, дека овој огромен притисок под којшто работат судиите, дава негативни резултати, па наместо да одлучуваат согласно фактите, доказите и законот, тие одлучуваат на основа на притисоците.

-Ова е една добра прилика за целокупното правосудство да се издигне над целата оваа ситуација и да ја зголеми довербата на јавноста решавајќи го овој предмет, кој што е школски пример, по закон соглсно фактите и доказите, а не да судат врз основа на притисоци нечии, изјави Спирковски.

На денешното рочиште пред Судот беа сослушани сведоци кои се поранешни членови на Управниот одбор на Клиниката во периодот додека директори биле сега обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи.

Спирковски, во однос на нивното сослушување, рече дека сведоците во овој предмет се безпотребни и дека за злоупотреба на службена положба и за економски криминал компететнтни се вешти лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Да ми зборуваше некој за титулата пред два месеци, ќе му кажев дека е идиот“
Следна Статија На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лишен од слобода криумчар кој превезувал седум илегални мигранти од Египет

Полицијата рано изутринава кај наплатната рампа Романовце лишила од слобода возач и седум илегални мигранти од Египет. По целосно документирање…

November 30, 2025
ХРОНИКА

Кешишев ги однел полицајците до телото на Вања: „Ако дознае Палчо за ова, ќе ме убие“

Влатко Кешишев го уапсивме во просториите на политичката партија Десна со уште други две лица. Беше чуден сплет на околности.…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство…

October 31, 2025
ХРОНИКА

30 дена притвор за Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“

Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?