Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжи судењето за Дарко Каевски и Наумче Мојсовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Продолжи судењето за Дарко Каевски и Наумче Мојсовски
МАКЕДОНИЈА

Продолжи судењето за Дарко Каевски и Наумче Мојсовски

Објавено December 12, 2025 14:29
Сподели
Сподели

Со вкрстени прашања на одбраната кон економското вешто лице, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот „Спортски ваучери“, во кој се обвинети 12 лица, меѓу кои и поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски.

Фокусот на рочиштето беше ставен на наодот за финансиската штета. Вештакот потврди дека не ја анализирал поединечната улога на обвинетите во процесот на евалуација, бидејќи тоа не било дел од неговата наредба, ниту пак анализирал дали спортските друштва оствариле добивка. Сепак, тој категорично ги отфрли тезите на одбраната дека штетата не е прецизно утврдена.

„За ваучерите кои се издадени врз основа на барања по кои е утврден наод во ова вештачење, како и за износот на така издадените ваучери е утврдена штета во овој предмет. Штетата не само што детално е елаборирана и табеларно прикажана, туку и неколку пати е детално објаснета“, истакна вештото лице.

На забелешките дека тој не е експерт за спортска регулатива, вештакот одговори дека неговата експертиза е материјално-финансиско работење и дека анализирал барања, а не спортски апликации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Косово почна да прима депортирани лица од САД
Следна Статија Ахмети повика на протест „Јас сум УЧК“ утре на плоштадот Скендербег во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ги повика граѓанските организации да учествуваат во градењето на поквалитетен национален образовен систем

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во соработка со ИРИ, како дел од проектот за дијалог со граѓанските организации оддржа…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Форумот на повратници во државата: Вратите на Македонија се широко отворени

Денес зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знат татковината одвнатре и од надвор.…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Куновска распали по СДСМ: Партијата од „струмичкото бизнис чекмеџе“ станува стечајна маса

Поранешната советничка и пратеничка од СДСМ, Софија Куновска со критичка анализа кон однесувањето на опозициската партија по вчерашниот прв круг…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Охридските средношколци Андреа Савиќ и Славчо Мургоски златни на Балканијадата по механотроника, инженерство и електротехника

Учениците Андреа Савиќ и Славчо Мургоски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид освоија златен медал на Меѓународниот натпревар во…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?