Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжуваат протестите во Србија, искршени канцеларии на владеачката СНС, Вучиќ исвиркан од белграѓани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Продолжуваат протестите во Србија, искршени канцеларии на владеачката СНС, Вучиќ исвиркан од белграѓани
БАЛКАН

Продолжуваат протестите во Србија, искршени канцеларии на владеачката СНС, Вучиќ исвиркан од белграѓани

Објавено August 19, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Протестите на студентите и граѓаните на Србија се одржаа шеста ноќ по ред низ целата земја. На вечерашниот протест во Белград, просториите на владеачката партија СНС беа искршени, по што полицијата ги нападна граѓаните, а беа фрлани солзавец и димни бомби.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дојде во просториите на партијата со обезбедување и неколку поддржувачи. Полицајците ги разбиваа демонстрантите низ центарот на градот, а Вучиќ се закани дека оние што протестираат ќе бидат гонети многу повеќе, побрзо и посилно.

Граѓаните беа истиснати од околината, откако полицијата фрли солзавец врз голем број собрани луѓе. Тоа предизвика револт и кај станарите на улицата на која се наоѓа седиштето на СНС, кои Вучиќ го исвиркаа и го испратија со скандирања.

Вучиќ, пак, најави акција на државата и гонење на демонстрантите.

„Што ќе им понудат на луѓето освен насилство, бандитство, кршење, а потоа бегање. Тие се толку храбри што тепаат празни соби, и штом се појави некој, бегаат“, рече Вучиќ.

Тој рече дека демонстрантите сакаат да ги уништат елементарните вредности и нормалниот живот по секоја цена и дека очекува обвинителството конечно да почне да си ја работи својата работа.

„Тоа е обид за обоена револуција платена однадвор, во која тие не избираат средства и не се обидуваат да дојдат до нешто со насилство, бидејќи немаат доверба од народот, ниту вистинска програма“, истакна Вучиќ и потсети дека наскоро ќе објави книга за тоа како ја победил обоената револуција.

„И фашистите и нацистите мислеле дека се непобедливи. Сите терористи мислеле дека се непобедливи, но на крајот државата победи“, рече Вучиќ.

 

Ovaj čovek bi i kliker pokidao🤡 pic.twitter.com/dsaoWziZYX

— Суки (@doktorzakrave) August 18, 2025

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Епизода од една сезона, Ферари нашле замена за Хамилтон?
Следна Статија (Видео) Ангелов: Пожарот кај Јасен е ставен под контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ се сретна со синот на Трамп

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со Доналд Трамп Јуниор, син на актуелниот американски претседател. Срдечен разговор со синот на…

March 11, 2025
БАЛКАН

Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на…

June 18, 2025
БАЛКАН

Oва е списокот на казни во Грција: Ако пушите во возилото, а носите дете под 12 години ќе платите 1500 евра

Во пресрет на туритичката сезона ви ги објавуваме сообраќајните казни во Грција Возење под дејство на алкохол – од 78…

May 22, 2025
БАЛКАН

Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?