Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе се сослушуваат сведоци на обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе се сослушуваат сведоци на обвинителството
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, ќе се сослушуваат сведоци на обвинителството

Објавено March 9, 2026 12:08
Сподели
Сподели

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На денешното рочиште беа повикани пет сведоци предложени од Јавното обвинителство, а обезбедени се четворица.

Јавниот обвинител, најави дека на крајот од денешното рочиште, ќе се произнесе пред Судот во однос на сведоците со кои не може да стапи во контакт за да бидат повикани со судска наредба.

Претходно, Судот го повика Обвинителството да се произнесе по барањето на Љупчо Папазов, за укинување на мерката притвор и по наоѓање на Судот определување мерки на претпазливост.

Јавниот обвинител, побара по предлогот да се произнесе на следната главна расправа, бидејќи во овој момент, како што рече „ги немаме сите информации“.

На претходното рочиште пред Судот сведочеше ПР на ДНК кој кажа дека прскалките биле од бендот, купувани легално од продавница во Кисела Вода, како и редовни гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март, минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Live Updates: Hegseth says U.S. “just getting started” in Iran war as conflict intensifies and spreads – CBS News
Следна Статија Scoop: White House casts doubt on Pentagon-Anthropic reconciliation – Axios

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Поевтини станови во Битола, владата усвои одлука истите да се продаваат по реални цени

На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во вторник ССМ излегува на протести

Задутре членството на Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест. Зголемување на минималецот без согласност од Економско социјалниот совет…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре пеколно жешко со температура до 38 степени

Управата за хидрометеоролошки работи за утре прогнозира многу топло време. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени,…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” утре, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на…

April 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?