Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден
ЕКОНОМИЈА

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Објавено October 25, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно е тоа што се уште не сме усогласени во однос на божиќните празници кои различно се одбележуваат согласно јулијанскиот и греогоријанскиот календар, оценуваат стопанствениците.

Дел од нив, пак, повторно укажуваат на потребата да се работи и во недела.

– Реално, промената од еден час порано или подоцна не е некоја голема разлика што суштински би се одразила врз бизнисот. Всушност, усогласеноста околу јулијанскиот и греогоријанскиот календар е сериозно прашање. Тоа е голем проблем, а не гледам на повидок некое решение. Божиќ кај нас се слави на 7 јануари, додека секаде низ западниот свет и останатите земји освен Србија и Русија, се слави на 24 декември. Сите западни земји од 24 декември до Нова година не работат, а ние работиме и потоа обратно, тие работат на 7 јануари, а ние не. Практично, се губи цел месец. Се губат околу 30 дена во однос на деловните активности и тука имаме сериозни штети. Се работи за сложена црквено-политичка одлука која не знам како би се изменаџирала, а апсолутно не зависи од бизнисот, вели за МИА претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК) Горан Ѓорѓиевски.

Со одлука на Собранието на Сојузот на стопански комори на Македонија, за нов претседател е избран Горан Ѓорѓиевски. Со оваа одлука, Сојузот ја потврдува својата определба за континуиран разво

Ставот на ССК, нагласува Ѓорѓиевски, е дека треба да се усогласиме со правилата на ЕУ и во однос на временските зони, но и за се останато.

-Ние се стрениме кон ЕУ, значи треба се да усогласиме со Унијата за се, дециден е претседателот на ССК.

И според в.д. претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), Нухи Алиу, еден час разлика во сметањето на времето речиси воопшто не влијае врз бизнисот. Многу поголеми проблеми, па и загуби, укажува Алиу, предизвикува одлуката – недела да биде неработен ден.

– Нема посебно влијание промената во сметањето на времето. Ние имаме поголеми проблеми во економијата за да се „фатиме“ за тоа дали еден час порано или подоцна почнува работното време. Јас би го акцентирал прашањето за недела – неработен ден. Тоа е и нашата конкретна примедба зошто ваквата одлука не е добра. Во недела доаѓат многу гости од Албанија, Косово, Србија,… и тука, всушност, многу губиме. Тие луѓе кои редовно доаѓаат, кои ни се редовни гости и ни носат пари, затоа што ја прогласивме недела за неработен ден, не доаѓаат веќе. Можеби некои доаѓаат заради моловите, инаку ништо. Затоа имаме забелешка и сакаме повторно да се врати неделата – да биде работен ден. Ние тоа го побаравме од Владата и институциите, имаме и иницијатива, но засега се уште немаме дефинитивен одговор. Неделата е работен ден кој во однос на другите работни денови носи највеќе за државата и Буџетот, објаснува Алиу.

Во недела, на 26 октомври, почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот во 03:00 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад, па наместо три, ќе биде два часот.

Во Северна Македонија важи средноевропското зонско време.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Богдановиќ: Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во првиот круг
Следна Статија (Видео) Милан спаси бод против Пиза во 93-та минута

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија се гради. Од заборавени проекти денеска имаме автопати по кои граѓаните возат

Имаме одлично силна градежна активност насекаде низ државата. Го пуштивме во сообраќај и вториот дел од автопатот Кичево-Охрид, во должина…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите

Македонија е подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално одговорен. Тоа беше пораката на денешниот настан на…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Собранието го донесе Буџетот за 2025-та

Собранието во рамки на 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?