Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Објавено April 26, 2025 18:43
Сподели
Сподели

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Попладнево нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи имало во западните планински региони, во Охридско-Преспанскиот регион и во Пелагонија.

Според најавите, времето и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Од УХМР велат наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови, пак, ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд. Од вторник ќе биде стабилно, претежно сончево со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск
Следна Статија Зеленски: Средбата со Трамп во Ватикан би можела да биде историска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град,…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Национал-шовинизам на дело: Лидерот на партијата „Преродба“ бара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик и македонскиот идентитет од извештајот на ЕП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четири девојчиња им го стоплија срцето на скопските пожарникари: „Кога телото ти се предава…, благодариме што ни го вративте здивот“

Пожарникарот Васе од скопската противпожарна бригада сподели на социјалните мрежи дека по напорниот ден, ги чекало вистинско изненадување во базата.…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?