Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдени бактерии во мусака и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пронајдени бактерии во мусака и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени бактерии во мусака и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Објавено November 28, 2025 17:45
Сподели
Сподели

Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето, информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ).

Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето.

-Бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен, и материјали за анализа се уште пристигнуваат, велат од ИЈЗ.

ИЈЗ во текот на денешниот ден одржа прес конференција и информираше за сите досега преземени активности од надлежните институции (АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска клиника) кои се во постојана комуникација и координација, како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа.

Во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае на 26 ноември голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Надлежните институции соопштија дека од кујната на основното училиште се земени мостри од храна, вода, брисеви од површини и вработени, кои се очекува да бидат познати во текот на денешниот ден.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Унгарија ги чувствува сите економски последици од војната во Украина
Следна Статија Пронајден починат скопјанецот кој беше пријавен за исчезнат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Бегај: Зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која, како што инофмрира разговарале за зајакнување…

February 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“

До крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Топаловски: Брзо возење, црвено светло, нерегистрирани возила и лошо паркирање – тоа се прекршоците со кои ќе стартува „Безбеден град“

Возењето во главниот град е значително смирено по тест‑периодот на системот „Безбеден град“, вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.…

January 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

МВР го зголеми надоместокот за престој на странци од три на 100 евра

МВР за речиси 3.200 проценти го зголеми надоместокот на образец за постојан престој на странец за кого е задолжително пополнување…

April 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?