Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдени 350.000 евра во домот на родители на судија во Неготино, биле соѕидани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пронајдени 350.000 евра во домот на родители на судија во Неготино, биле соѕидани
ХРОНИКА

Пронајдени 350.000 евра во домот на родители на судија во Неготино, биле соѕидани

Објавено January 18, 2026 19:08
Сподели
Сподели

Пронајдени се 350.000 евра соѕидани во дом на родители на судија од Апелациски суд во Скопје осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот, информираше вечерва Јавното обвинителство, посочувајќи дека се работи за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во државава поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност.

Како што соопшти Обвинителството, во рамки на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември бил осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело

– Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземале дејствија што резултирале со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание.

– Врз основа на наредба што јавниот обвинител ја побара и обезбеди од надлежниот суд денеска беше извршен детален претрес на локација во Неготино, во домот на родителите на сега осомничениот судија, каде соѕидани во простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени. Претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а јавноста ќе биде известена за натамошниот тек на постапката, се вели во соопштението.

Оттаму потенцираат дека станува збор за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во нашата држава досега, која, посочуваат, е поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност.

– Дејствијата координирани од јавниот обвинител ги преземаат припадници на Одделот за борба против организиран криминал при Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, чија посветеност и професионален интегритет придонесе за успешно разоткривање и обезбедување докази за еден од најсериозните и најсложените облици на криминал, информира Јавното обвинителство.

За случајот информира и Министерството за внатрешни работи, од каде наведуават дека полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал, по барање на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК а врз основа на издадена Наредба од судија на претходна постапка извршиле претрес на дом и други простории на подрачје на Неготино, заради пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од сторени Кривични дела.

-При претресот во соѕидан простор во ѕидот до овој момент се пронајдени 350.000 евра за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени. Денешното постапување е како резултат на дејствија преземени во рамките на опсежната истрага на ОЈО ГОКК откако на 14 декември 2025 беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Станува збор за една од најопсежните истраги поради сомненија за висока корупција во нашата држава до сега, која е поткрепена со информации и известувања од Агенцијата за национална безбедност. Претресите и другите истражни дејствија продолжуваат, а јавноста ќе биде известена за натамошниот тек на постапката, се вели во соопштението.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претрес кај судијата Ѓоко Ристов
Следна Статија Ограбени две финансиски друштва во Скопје, одземени пари од сефовите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Загина пешак на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, во него удрил „пасат“ од Србија

Пешак загина на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил „пасат“, управуван од државјанин на Србија, соопшти денеска СВР…

October 30, 2024
ХРОНИКА

24-годишник пронајден мртов во када

Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска…

January 21, 2025
ХРОНИКА

Финансиска полиција го уапси Борче Марковски, кој вртеше милиони евра од РЕК Битола

Неофицијално дознаваме дека е уапсен конзул на странска држава и директори од РЕК, и дека станува збор за Борче Марковски…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Почина 17 годишниот пациент кој се здоби со изгореници од струен удар

Согласно информации од комплексот клиники “Мајка Тереза” за жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17…

January 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?