38-годишен скопјанец, кој на 3 март бил пријавен како исчезнат, вчера е пронајден мртов во напуштен објект во општината Аеродром, соопшти МВР.
„На 29.03.2026 година во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт. Тој на трети овој месец бил пријавен дека се оддалечил од домот. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција“, пишува во полицискиот билтен.
