Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Просидба на врвот од облакодер во Њујорк заврши со апсење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Просидба на врвот од облакодер во Њујорк заврши со апсење
Blog

Просидба на врвот од облакодер во Њујорк заврши со апсење

Објавено July 2, 2026 22:46
Сподели
Сподели

Две лица се приведени откако нелегално се искачиле на врвот на антената на облакодерот „Емпајер стејт билдинг“ во Њујорк, каде што се свршиле и развиле транспарент со порака за мир, соопшти Полицијата на Њујорк.

Станува збор за Анџела Николау и Иван Кузњецов, кои не пружиле отпор при приведувањето. Истражителите сè уште утврдуваат како успеале да влезат во дел од зградата што не е достапен за јавноста, пренесува „Гардијан“.

Двајца припадници на специјалната полициска единица се искачиле по скали до врвот на антената, безбедно ги симнале двајцата и потоа ги привеле.

Николау на својот профил на Инстаграм објавила фотографии и видеа од необичната просидба, меѓу кои и снимка од свршеничкиот прстен со панорамата на Њујорк во позадина.

На врвот на антената парот развил транспарент со натпис: „Кога моќта на љубовта ќе ја победи љубовта кон моќта, светот ќе го запознае мирот“.

Поранешниот заменик-директор на ФБИ, Ендру Мекејб, за Си-ен-ен изјави дека ваквиот опасен потег ги довел градските власти, полицијата и сопствениците на зградата во незавидна ситуација.

„Ќе мора да направат сè за овие лица да бидат соодветно процесуирани, бидејќи не смеат да дозволат некој друг да го види ова и да одлучи да го повтори“, рече Мекејб.

Засега не е познато како двојката успеала да стигне до врвот на антената, која ги пренесува сигналите на речиси сите локални телевизиски и радиостаници во Њујорк.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 25 лица загинаа во руски напад врз Киев
Следна Статија Денеска е Преподобен Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Маск го собори сопствениот рекорд на богатство – има 347,8 милијарди долари

Нето вредноста на богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, благодарение на континуираните добивки…

November 23, 2024
Blog

Ријана стана „жена од милијарда долари“ благодарејќи на една генијална одлука

Ријана денес е многу повеќе од глобална музичка ѕвезда - таа е симбол на успех во деловниот свет. Од барбадоска…

May 6, 2025
Blog

Клековски ги нарече докторите кои коментираат за Гостивар „слободни јавачи на епидемијата“, Пановски, Беќаровски и Ристески му возвратија

Случувањата со водата во Гостивар предизвикаа „караница“ помеѓу новоназначениот министер за здравство, Сашо Клековски и докторите кои на социјалните мрежи…

July 23, 2026
Blog

Доларот зајакнуваше до четвртокот, а потоа повторно нагло падна

Трговскиот договор меѓу САД и Европската Унија предвидува царини од 15%, а ЕУ се обврза да купува енергетски производи од…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?