Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка
МАКЕДОНИЈА

Прости ми, нека ти е простено: Денеска е Прочка

Објавено March 2, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Денеска православните христијани го празнуваат празникот Прочка. Прочка или Велики поклади е ден во православното христијанство кога верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на велигденскиот пост. Датумот на Прочка се менува зависно од датумот на Велигден, но секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.

Прочка е манифест на искрената и пожртвувана љубов кон блиските, кој треба да го следи примерот за благосостојба, примирје и прошка помеѓу луѓето.

Целта и смислата на празникот е да го истакне проштевањето како дело на љубовта, а љубовта е основа на христијанското живеење. Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој обично завршува со амкање јајца. Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

На тој ден е дозволено внесување на мрсна храна, пити, колачи и алкохол. Тоа е денот кога треба да бараме прошка и да се помириме со сите со кои сме се скарале, па затоа ги нарекуваат и „Проштени поклади“.

Денот пак, по Прочка се вика „Чист понеделник“ кога започнува големиот велигденски пост. Тој го означува и крајот на зимските, и почетокот на пролетните празници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познато кога ќе биде погребан Саша Поповиќ
Следна Статија (Видео) Илјадници учесници на масовниот протест во Ниш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Павловден, на овој ден не се работи

По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули. На Павловден именден слават тие што…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Следува период на променливо облачно време со честа појава на врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Безбедноста на граѓаните ни е на прво место, посветени сме на зајакнување на армиските капацитети

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?