Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Протестот е демократско право, вели Меџити за најавениот собир во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Протестот е демократско право, вели Меџити за најавениот собир во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК
МАКЕДОНИЈА

Протестот е демократско право, вели Меџити за најавениот собир во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Објавено December 10, 2025 14:09
Сподели
Сподели

Поранешниот прв вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџити, кој е еден од лидерите во владејачката коалиција ВЛЕН, изјави дека во принцип го поддржува протестот што в сабота во Скопје ќе го организира лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг.

Ваквите коментари Меџити ги дал во изјава за косовскиот медиум „Вокс Косова“, каде што нагласил дека протестот е демократско право и дека Ослободителната војска на Косово (ОВК) е национална гордост.

„Во принцип, да (го поддржувам). Протестот е демократско право. Ние го сметаме протестот за демократска вредност, а ОВК е наша национална гордост“,изјави Меџити.

На прашањето дали лично би учествувал во протестот, Меџити не одговори директно, додавајќи дека како градоначалник на Чаир, на чија територија ќе се одржи протестот, ќе даде согласност за негово одржување.

„Протестот ќе се одржи на плоштадот во општината каде што сум градоначалник. Ќе дадеме согласност за одржување на протестот. Се надевам дека сè ќе помине добро“,додаде Меџити.

Протестот за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Судот во Хаг е организиран од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Протестот ќе се одржи во сабота на плоштадот „Скендербег“ со почеток од 13 часот.

„По Приштина и Тирана, сега и Скопје ќе зборува за вистината и правдата! Војната на ОВК беше и останува праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет. Правдата за борците за слобода не може да се гради врз политички обвинувања и измислени докази од страна на Србија и Русија. Како што бевме покрај борците на ОВК во Приштина и Тирана, така ќе застанеме и во Скопје, горди и решителни во одбрана на нашата вистина“,објави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во официјалната покана за протестот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Заминувањето на Комбс остава празнина во управувањето со акциите во Беркшир
Следна Статија Cursor создава иновативен AI Help Desk кој решава 80% од техничките проблеми на вработените

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Државата моментално не е загрозена од екстремизам и тероризам

Во земјава се следи состојбата во однос на радикализацијата и поттикнувањето на екстремизам, по разни основи. Присутни се обиди за…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?