Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, од утре блокади низ Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, од утре блокади низ Скопје
МАКЕДОНИЈА

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, од утре блокади низ Скопје

Објавено September 30, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и во друштвата „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ова претпријатие, денеска повторно излегоа на протест бидејќи сѐ уште не им е исплатена платата за август. Од утре најавуваат порадикални протести и блокади на повеќе кртосници во главниот град.

– Согласно нашето барање, изнесено на вчерашниот протест од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, не беше исплатена платата за август, која законски требаше да биде исплатена до 15 септември. За жал, по информациите кои ги добивме изгледите за да се исплати денес плата на вработените од овие фирми се мали и затоа ние како Синдикат СУТКОЗ; кој е единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со нашата синдикална организација во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и вработените во овие три фирми; утре повторно ќе излеземе на протест, кој ќе биде порадикален. Ќе бидат блокирани повеќе кртосници во Скопје, а тоа ќе го договориме со вработените во овие три претпријатија – изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија), Стојанче Кашиковски.

Тој информира дека како синдикат, заедно со стручниот тим во ЈП „Паркови и зеленило“, иницирале да се изнајде нов модел за финансирање на претпријатието, по искуствата од соседните земји.

– Тоа планираме да го изработиме како документ во наредните две недели. Со оглед на тоа дека има локални избори на 19 октомври, планираме нашите предлози на 15 или од 16 октомври да ги изнесеме во јавност и да побараме од идниот градоначалник, без разлика кој ќе биде, да го земе тоа предвид како начин за финансирање на ова претпријатие и на фирмите „Флораком“ и „Луна“. Гледаме дека досегашниот начин на финансирање придонесува за нередовна исплата на платите, додатоците на плата, како и потешкотии во функционирањето на претпијатието – рече Кашиковски.

Тој најави дека дополнително ќе информираат за улиците кои утре ќе бидат блокирани.

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, „Флораком“ и „Луна“ во понеделникот два часа го блокираа булеварот „Илинден“ поради нередовна исплата на плати и неисплата на додатоци на плати, како отпремнина за оние што одат во пензија, регрес, К-15, јубилејни награди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори, ако не го стори тоа ќе биде тажен крај
Следна Статија Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски потврди: Од овој месец повисоки плати во образованието

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево одговори потврдно на прашањето дали ќе има повисоки плати во образованието. – Да, од овој месец…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

По бурните реакции на граѓаните од Собранието реагираат – неосновани се обвинувањата дека пратениците паузираат во работата

Собранието и пратениците изминатите две недели работеа и продолжуваат да работат. Откажани се само пленарните седници, комисиите и неколку настани…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството отвори предмет за транспорт на мозоци во САД

Јавното обвинителство на Република Македонија оформи предмет по информациите во јавноста поврзани со транспорт на мозоци од починати лица во…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и четири години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?