Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Протест на Независниот синдикат на полицијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Протест на Независниот синдикат на полицијата
МАКЕДОНИЈА

Протест на Независниот синдикат на полицијата

Објавено May 12, 2025 16:56
Сподели
Сподели

Независниот синдикат на полицијата излезе на протест за повисоки плати. Со транспаренти и свирчиња побараа основната плата за пресметка да биде најмалку колку минималецот и да се воедначи судската пракса.

„Во моментов имаме илјадници предмети кои полициските службеници ги водат против Министерството за внатрешни работи во кој бараат да се досуди разлика до минималната плата. Во различни градови во државата судовите кажуваат дека на едни полициски службеници треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме затоа што со овие пресуди колегите веќе имаат наплатено и е докажано дека нивната плата е испод минималната, а за жал скопските судови велат дека тоа не следува. Тука доаѓа до еден голем револт, до една голема невоедначеност на платите во полицијата“- Мартин Ефермов, претседател на НСП.

Скопска Апелација за Сител вели дека нема донесено различни одлуки по предметите поврзани со тужбите за исплата на разлика во плата на вработените во МВР.

„Од страна на овој суд во жалбена постапка првостепените пресуди по овие предмети се укинати заради дополнување на економските вештачења, со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба. Според тоа, Апелациониот суд Скопје досега нема донесено пресуда во која изразува различен став за правното прашање поврзано со висината на основната плата наспроти минималната плата, од другите апелациони судови во државата“ – Апелационен суд Скопје.

Протестот доби поддршка и од Сојузот на синдикати – петта сила, како и од колегите од Србија и Црна Гора.

„Жал ми е што тие 2 посто доверба што ги имаат се благодарение на неколку чесни судии што ги имаме во Македонија. Тоа не е доволно. Работниците не многу се задоволни од судската правда, бидејќи доколку водите постапка по 2 или 4 години, тоа не е правда“ – Кристина Ампева, Сојуз на синдикати – петта сила.

Протестот од пред судовите продолжи кон судскиот совет.

Од МВР, пак, велат дека работат на унапредување на стандардот на полициските службеници и работните услови.

„Постојано сме во разговори со сите полициски синдикати и заедно се предлагаат и прифаќаат решенија за унапредување на статусот и условите на полициските службеници. Такви идеи и предлози веќе сме имплементирале во Колективниот договор меѓу МВР и Синдикатот на полициските службеници ги користат имплементираните придобивки и подобрувања. Дијалогот со сите синдикати ќе продолжи и заедно ќе изнаоѓаме решенија кои ќе бидат во насока на подобрување на статусот на сите полициски службеници“ – МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој е прв? Србија е втора земја во Европа по број на обложувачници и казина
Следна Статија МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средното полициско образование се обновува по 26 години – ќе можат да се запишат околу 200 ученици

Околу 200 ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија,…

March 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?