Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Протест пред МВР и Парк Жена Борец „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Протест пред МВР и Парк Жена Борец „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“
МАКЕДОНИЈА

Протест пред МВР и Парк Жена Борец „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“

Објавено September 17, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Утре, 18 септември со почеток во 17:30 часот, повикуваме на протест против колективниот крах на системот и игнорантниот однос на надлежните, полицијата, обвинителството и судовите кои дозволуваат да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди и покрај пријавувањето и повиците за помош и заштита.

Фемицидите на кои им претходи сериозно партнерско или семејно насилство растат низ годините, а последниот случај е уште еден доказ за цената што ја плаќаат жените и нивните блиски (а со тоа и целото општество) кога полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа нема да постапат соодветно на протоколите за заштита и законите.

Дополнително, покрај сериозната некоординираност и затајувањето на институциите надлежни за справување со насилството врз жените, кон фемицидите придонесува и молкот, родовите стереотипи и дискриминацијата, стигмата, срамот и немањето чувство за колективна одговорност. Вртење на главата на страна кога сме сведоци на насилство и ставот дека „тоа не е наша работа“ се уште еден показател за тоа колку сите придонесуваме насилството не само да се случува постојано, туку и да ескалира, а насилниците да продолжат да живеат слободно и да просперираат.

Убиството на Росица, и на сите жени брутално убиени од свои сегашни или поранешни партнери, можеше и мораше да биде спречено, а тие да бидат заштитени. И покрај пријавите за насилство и заканите по живот од поранешни или сегашни партнери, напорите на сите убиени жени за да живеат безбедно и слободно не биле слушнати.

Во последните години, фемицидот во земјава останува црна статистика која предупредува на системски пропусти и општествена рамнодушност. Според достапните податоци, само во последните пет години изгубивме најмалку 20 жени како кулминација на повторени епизоди на родово базирано насилство. Во ваква средина, секоја жена што во моментов се соочува со вознемирување, насилство, закани и/или демнење го носи ризикот да стане жртва на фемицид доколку институциите не постапат навремено во нејзин интерес и заштита.

Во 2023 година, Македонија ги измени одредбите на Кривичниот законик и за прв пат конкретно ги дефинираше и криминализираше фемицидот, осакатувањето на женските гениталии, прогонувањето и сексуалното вознемирување. Овие измени беа поздравени како чекор напред во регионалните напори за препознавање на фемицидот, при што С. Македонија стана првата држава во Западен Балкан што го криминализира фемицидот и воведе нови кривични дела поврзани со родово базирано насилство.

Сепак, најновиот случај покажува дека самата законска рамка не е доволна без ефикасно спроведување, соодветни протоколи и одговорност на институциите и поддршка од заедницата. Токму затоа нашата заедничка реакција, повикот на протест и барањата се насочени кон четири области:

1. Институционална одговорност и санкции

· Итни оставки и дисциплински постапки: Бараме оставки на одговорните службени лица и покренување дисциплински постапки против полицајци, обвинители, судии и центри за социјална работа кои не постапиле по пријавите за насилство и закани во овој и слични случаи.

· Независна истрага: Бараме формирање независна истрага за институционалните пропусти во случајот. Јавното обвинителство мора да открие кој дозволил кршење на издадени мерки за заштита и зошто не биле спроведени постоечките протоколи.

2. Специјализирани механизми за заштита на жените

· Задолжителни протоколи: Да се воспостават и јавно објават обврзувачки протоколи за полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството и судството за постапување по пријави за насилство и закани, со јасни рокови и одговорности.

· Зголемени ресурси и капацитети: Да се обезбедат повеќе средства, персонал и обуки за центрите за социјална работа, полицијата и судството со цел да се обезбеди навремена заштита. Протоколите мора да предвидат санкции за службените лица кои не постапуваат.

3. Законска рамка и стратегии за превенција

· Имплементација на законите за фемицид: Иако фемицидот е веќе дефиниран како кривично дело, бараме целосна имплементација на одредбите преку континуирана обука за судии, обвинители и полиција, со фокус на родово чувствителна судска практика.

· Стратегија и акциски план: Да се развие национална стратегија за превенција и заштита од фемицид со јасни индикатори, механизми за следење и наменска буџетска линија. Стратегијата треба да опфати програми за едукација, рана интервенција и реинтеграција.

4. Општествена одговорност и јавен притисок

· Прекинување на заштитата на насилниците: Бараме политичките партии, бизнисите и медиумите да запрат со директна или индиректна заштита на сторителите. Користењето лични врски за избегнување на одговорност мора да престане.

· Јавни протести и солидарност: Го поддржуваме организирањето јавни протести и собири за да се покаже дека женските животи не се преговарачка валута. Граѓаните, организациите и медиумите се повикуваат да се приклучат и да бараат системски промени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Квалитетот на амбиентниот воздух во Трубарево е во рамки на дозволените граници
Следна Статија Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски најавува пробен период од ноември за системот „Безбеден град“

Доколку ја комплетираме законската регулатива, некаде на средина на ноември ќе започне пробен период на функционирањето на системот „Безбеден град“…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се качил на покрив на таксито за да го одбрани од “Пајакот”

Таксист се качи на покривот од своето возило за да спречи службата за подигање на возила (пајак) да го однесе…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ги исполнува реформските процеси и ја развива регионалната соработка: Вицепремиерот Николоски на средба со Медлин Нокс

Македонија ги исполнува реформските процеси и дава сериозен придонес кон регионалниот развој, потенцираше вицепремиерот Александар Николоски на средбата со Медлин…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Нашите ученици се радоста и гордоста на оваа земја – 2026 нека биде година на знаење

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, заедно со вработените во Министерството, упати новогодишна честитка до сите чинители во образовниот…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?