Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини
ЕКОНОМИЈА

Проф. Петрески: Владата треба да направи стратегија за прилагодување кон американските царини

Објавено April 8, 2025 09:24
Сподели
Сподели

Економистот и универзитетски професор Марјан Петрески во гостување на ТВ „24“ рече дека е потребно Владата да разговара со претставници од странските компании во технолошко-индустриските зони кои произведуваат автомобилски делови и ќе бидат засегнати од новововедената висока царинска стапка за извоз од Македонија во САД, па според тие разговори, да направи стратегија по која ќе знае кои чекори треба да ги преземе.

Професорот вели дека, во врска со царините, сето она што ќе се одрази во Германија, ќе се одрази и кај нас.

„Опасни се тие ефекти, особено намалувањето на побарувачката во САД. Што ќе се одрази во Германија, ќе се одрази и кај нас, особено во странските фабрики. Владата тука не може многу да стори, но може да разговара со претставници од овие фабрики кои се во зоните и да ги слушне нивните видувања за тоа како тоа ќе се одрази и да се направи стартегија за тоа како Владата да се прилагоди и што да преземе“, рече тој.

Професорот објасни и дека разликата во податоците за трговската размена кои ги имаме во земјава и оние кои беа презентирани од американската администрација – не е грешка.

„Не мислам дека е грешка, туку се должи на разликата во методологијата на опфат и разликата произлегува од автобусите – ние ги извезуваме кон САД де факто преку Белгија, а САД ги сметаат како увезени од Македонија. Тие тргнуваат од нивниот дефицит спрема другите земји. Директните ефекти за Македонија се мали бидејќи нашиот уделот на извозот во САД во вкупниот извоз е околу 1%. За нас е битно што ќе излезе од преговарањето бидејќи ќе бидеме засегнати индиректно“, додаде проф. Петрески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: И по цена на мојата политичка кариера, преземам одговорност за уставните измени
Следна Статија (Видео) Борис Џонсон го нападна ној

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Казни и до 20.000 евра, по Нова година стартува Законот за нефер трговски практики

Законот за нефер трговски практики официјално стартува од 1 јануари 2025 година, а овој Закон треба да ги среди односите…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа

Најновите податоци за индустриското производство во декември се потврда дека резултатите од напорната работа доаѓаат до израз, смета премиерот Христијан…

January 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

„Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП ќе спроведува засилени контроли кај такси превозот

Како што најавуваат од УЈП, контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?