Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прпоски: Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ е во тек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Прпоски: Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ е во тек
МАКЕДОНИЈА

Прпоски: Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ е во тек

Објавено July 11, 2026 15:15
Сподели
Сподели

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјави за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски.

Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста.

Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген вчера се врати во Солун кратко по полетувањето откако за време на летот се откачи прозорец до патник – соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот, во кој полесно бил повреден еден од патниците.

Од авиокомпанијата посочија дека авионот регуларно слетал во Солун и патниците биле вратени во терминалната зграда.

– Еден патник побара и доби медицинска помош по слетувањето во Солун. Со цел да се минимизира доцнењето, беше обезбеден заменски авион за превоз на патниците до Меминген, кој утрово полета од Солун во 9.35 часот по локално време – пишува во вчерашното соопштение на „Рајанер“, што го објавија грчките медиуми.

Медиумите во Солун, како што јави дописничката на МИА од Атина, повикувајќи се на сведоштвата на патниците, вчера објавија дека веднаш по полетувањето, веројатно додека авионот летал над Скопје, се слушнал силен звук по што се скршил еден прозорец, а патникот на седиштето до прозорецот, поради наглата декомпресија, бил во опасност да излета од авионот и со помош на неговите сопатници бил задржан и спасен.

Меѓу патниците настанала паника, пилотот, според сведоштвата, останал присебен, ги смирил патниците и го вратил авионот на солунскиот аеродром. Некои од медиумите објавија дека причината за скршениот прозорец бил проблем со моторот, дел се откачил и удрил во прозорецот, нешто што воопшто не е споменато во соопштението на авиокомпанијата. Солунските медиуми објавија дека повреден е турист на 60-ина години и веројатно станува збор за српски државјанин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
Следна Статија Градежен работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси

Аргумент плус дека државниот обвинител е зрел за менување покажува и неговата Одлука за надзор, со која тој ги прекршил…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Црн чад и мирис на хемикалија во Скопје

Вчера во поголем дел од Скопје се гледаше црниот чад и се чуствуваше мирис на хемикалија од пожар кој избил кај гробиштата…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Изградба на дата-центар и дигитализација на најупотребуваните јавни услуги, предвидува Буџетот за 2025

Вкупниот проектен буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација за 2025 година е поголем за 200…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?