Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПСЖ покажа зошто е европски првак, со пресврт славеше над Барселона (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ПСЖ покажа зошто е европски првак, со пресврт славеше над Барселона (ВИДЕО)
СПОРТ

ПСЖ покажа зошто е европски првак, со пресврт славеше над Барселона (ВИДЕО)

Објавено October 2, 2025 08:28
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 2:1 (1:1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите. ПСЖ победи и покрај тоа што против Барселона Луис Енрике играше без петмина од првиот тим.

На стадионот „Монжуик“ видовме „само“ три гола, иако двата тима имаа неколку изгледни шанси, да постигнат уште некој гол.

Натпреварот отвори Ламин Јамал кога со убав потег се ослободи од двајца играчи, подготви шанса за Феран Торес во втората минута.

Во 19-та минута, Витиња ја загуби топката на својата половина, а потоа Маркус Рашфорд со прекрасна асистенција му овозможи на Торес да го совлада Шевалие.

По 25-та минута ПСЖ ја презеде контролата врз играта. Во 38-та минута, Нуно Мендеш ја претрча одбраната на Барселона, а тинејџерот Мајулу го изедначи резултатот.

Во второто полувреме Хакими спаси сигурен гол по обидот на Олмо и тоа беше најдобрата и единствена шанса на Барселона во овој период од играта.

Како што доминуваше натпреварот ПСЖ се повеќе го засилуваше темпото. Играчите на барселона не може да да се спротивстават. Баркола имаше два обиди, Ли ја погоди стативата, а во 90-та минута изворедна акција на Хакими која Рамош ја претвори во гол за победа.

ПСЖ ја забележа втората победа, а Барселона го запиша првиот пораз во сезоната во сите натпреварувања.

Јувентус и Манчестер сити во 90-та минута испуштија победи на гостувањата во Виљареал, односно Монако. Благодарение на „врската од Манчестер“ и голманот Вања Милинковиќ Савиќ, Наполи славеше против Спортинг. Арсенал се мачеше против Олимпијакос, но забележа сигурна победа. Борусија Дортмунд беше убедлива, додека на Баерл Леверкузен и ПСВ одиграа без победник.

Резултати:

Монако – Манчестер Сити 2:2 (1:2)
/Тези 18, Даер 90 стр. – Халанд 15, 44/

Арсенал – Олимпијакос 2:0 (1:0)
/Мартинели 12, Сака 90+2/

Барселона – ПСЖ 2:1 (1:1)
/Торес 19 – Мајулу 38, Рамош 90/

Борусија Дортмунд – Атлетик Билбао 4:1 (1:0)
/Свенсон 28, Чуквуемека 50, Гираси 82, Брант 90+1 – Гурузета 61/

Леверкузен – ПСВ 1:1 (0:0)
/Кофане 65 – Сајбари 72/

Наполи – Спортинг 2:1 (1:0)
/Хојлунд 36, 79 – Суарез 62/

Виљареал – Јувентус 2:2 (1:0)
/Микаутадзе 18, Веига 90 – Гати 49, Консеисао 56/

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахтите на Халкидики
Следна Статија Претседателката Силјановска Давкова на иста маса со Макрон, Стармер и кралицата на Данска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вардар со значајна победа во борбата за опстанок

Тимот на Вардар забележа многу важна победа (2:0) попладнево на гостувањето кај шампионот Струга. Со овие три бода Вардар барем…

February 22, 2025
СПОРТ

Милевски повика 27 фудбалери за дуелите со Белгија и Казахстан

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот на играчи повикани за претстојните квалификациски натпревари за Светското…

May 28, 2025
СПОРТ

Пеколно тешко: Ова се можните противници на Македонија на ЕП

Познати се шеширите за ждрепката која ќе се одржи во четврток. Македонија е во третиот барабан. Прв шешир: Франција, Данска,…

May 12, 2025
СПОРТ

Македонските ракометари на мегдан против Португалија

По стартниот и очекуван пораз од фаворитот Данска, македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот натпревар од Европското првенство. Противник…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?