Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Путин прогласи прекин на огнот за Велигден, Киев тврди дека Русите сѐ уште напаѓаат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Путин прогласи прекин на огнот за Велигден, Киев тврди дека Русите сѐ уште напаѓаат
СВЕТ

Путин прогласи прекин на огнот за Велигден, Киев тврди дека Русите сѐ уште напаѓаат

Објавено April 20, 2025 09:30
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја обвини Русија дека продолжува со нападите во текот на ноќта и покрај едностраното прогласување на прекин на огнот за велигденските празници.

„Генерално, на Велигденското утро можеме да кажеме дека руската војска се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области продолжува да се обидува да напредува на теренот и да нанесува загуби на Украина“, напиша Зеленски на X, цитирајќи информации од врховниот командант Олександр Сирски.

Зеленски наведува дека биле забележани 387 случаи на гранатирање и 19 напади на руските сили, а тие користеле беспилотни летала 290 пати.

„Нашите борци одговараат на непријателот на заслужен начин, врз основа на секоја борбена ситуација. Украина ќе продолжи да дејствува асиметрично“, додаде Зеленски во објавата на социјалната мрежа.

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на своите сили да ги прекинат нападите од 18 часот. Московско време во сабота до крајот на неделата. Католичките и православните верници годинава го слават Велигден на ист ден, што не е секогаш случај бидејќи Католичката црква го користи Грегоријанскиот, а Православната црква Јулијанскиот календар.

Зеленски и другите украински официјални лица беа скептични за краткорочниот прекин на огнот што Путин го објави во последен момент во саботата. Потоа на сите руски борци на украинските фронтови им го честита Велигден.

Во неделата Зеленски го повтори својот предлог за продолжување на прекинот на огнот за 30 дена за „да му се даде шанса на мирот“.

„Ќе дејствуваме во согласност со ситуацијата на теренот“, рече тој.

Руското Министерство за одбрана во саботата соопшти дека сите руски сили ќе го почитуваат прекинот на огнот под услов и украинската страна да го почитува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова со велигденска честитка: Велигден нека ни донесе утеха, мудрост и хуманост
Следна Статија Работник кој бил 15 години на боледување ја тужи фирмата бидеќи не му ја покачиле платата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за извршување воени напади насочени кон нарко-картели што дејствуваат во Венецуела. Си-Ен-Ен, повикувајќи…

September 6, 2025
СВЕТ

ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: „Ова е огромно“

ФБИ откри околу 2.400 записи поврзани со атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди кои никогаш не биле доставени до комисијата…

February 11, 2025
СВЕТ

Вучиќ стигна во Москва

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот.…

May 7, 2025
СВЕТ

Трамп го критикуваше Нетанјаху: Бомбардирањето на нашиот сојузник не е во ничиј интерес

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се чувствува „многу лошо“ поради израелскиот напад во Доха, нагласувајќи дека го смета Катар…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?